Џорџ Клуни, Пирс Броснан, Патрик Демпси – некои актери изгледаат одлично, па дури и подобро со седа коса.
Поради светската пандемија врската морале да ја одржуваат на оддалеченост, ја побарал за жена преку Facebook, а прстенот ѝ го пратил по пошта. Што знаеме за петтата сопруга на Николас Кејџ што се појави на црвен тепих во традиционална носија со влечки.
Ким Кардашијан и официјално е во врска со 13 години помладиот Пит Дејвидсон, за кого бившата свршеница Аријана Гранде тврдеше дека е мошне надарен и дека ја освоил со големината на неговата машкост.
Можеби имаат милиони, но Роналдо и Џорџина одлучија да направат роденденска забава за нивната ќерка исполнета со забава за најмалите. Колички со удирање, борба со ласерски пиштоли и, секако, фудбал...
По две години заедно, Шон и Камила изјавија дека се разделиле, но со ова повторно ги разгореа гласините дека нивната врска беше само маркетиншки трик со цел подобро да ги промовираат нивните заеднички хитови.
Адел во новата хип-хоп песна ги пее стиховите: „Жалам што направив грешки поради кои си тажен“, а по ова следи аудиоснимка од разговорите со синот Анџело (9), во кои тој ја теши, иако е збунет од тоа што не живеат заедно со татко му.
Дали Лејди Гага повторно ќе блесне во улога на актерка како во филмот „A Star Is Born“? На премиерата на долгоочекуваниот филм „House Of Gucci“ во Њујорк го бакнуваше и прегрнуваше Ал Пачино (81).
Во интервју за нејзината нова книга, Емили Ратајковски открива дека ги трпела понижувањата од мажите во модната индустрија за да заработи пари, дека Инстаграм е единственото место каде што се чувствува како да има контрола...
„Картер не ја гледа ќерка му, но ја обезбедува финансиски“ – вели портпаролот на новиот сопруг на Парис Хилтон, откако во јавноста исплива добро чуваната тајна дека тој е татко на детето на љубовницата на Мел Гибсон.
Бредли Купер и Ирина Шајк прошетаа низ Менхетн фатени под рака, а широката насмевка на лицето на актерот беше јасен знак дека си поминуваат одлично и дека можеби решиле да ѝ дадат нова шанса на нивната врска.
Обожавателите на серијата „Сексот и градот“, кои со нетрпение го очекуваат продолжението со омилените хероини, забележале дека една од актерките која ја глуми Шарлот (Кристин Дејвис) денес воопшто не личи на жената што со години ја гледале на ТВ екраните...
„Татко ми воопшто не беше присутен и не се трудеше воопшто да биде со мене... Но, конечно сфатив дека тоа беше поради алкохолот... Алкохолот ми го зема татко ми“ – пејачката Адел прокоментира за смртта на нејзниот татко Марк Еванс со кого претходно не беше во контакт.
Тревис Баркер вели дека се чувствува благословено поради третманот што го добил од Кортни и нејзиното семејство за неговиот 46-ти роденден што го прослави викендов. Претходно...
На 11-ти ноември, богатата наследничка Парис Хилтон го кажа судбоносното „ДА“ во бајковита венчаница која била изработувана 1.400 часа, а се појави во уште 3 фустани, на првиот ден од свадбата со Картер, која ќе трае вкупно три дена.
„Бев 6 години во школата на Мика Алексиќ. Имав 17 години кога ме силуваше. Чувствував срам. Се мразев. Но не се плашам повеќе. Чувствувам одговорност и мора да спречиме уште девојки да поминат низ пеколот кој го поминавме ние. Тоа не се случи еднаш, се повторуваше...“, храбро раскажуваше Милена Радуловиќ, српската актерка која ја одглуми првата сопруга на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“.
Непишано правило е дека жената се менува на подобро откако ќе помине низ болно раскинување...
„Има голем број зависности во моето семејство и не само татко ми, туку и голем број други луѓе од моето семејство се борат со тоа“ – рече Хејли Бибер и призна дека тоа искуство ѝ помогнало да се справи со проблемите со кои се соочувал и нејзиниот сопруг на почетокот на нивната врска.
Кога Курт Кобејн, фронтменот на Nirvana, забележал дека маж од публиката допира и вознемирува девојка, почнал да покажува кон него за сите присутни да видат што се случува и да го посрамоти.