Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Имаат милиони, но не ги разгалуваат децата – Како Роналдо и Џорџина го прославија роденденот на ќерката? (видео)

Можеби имаат милиони, но Роналдо и Џорџина одлучија да направат роденденска забава за нивната ќерка исполнета со забава за најмалите. Колички со удирање, борба со ласерски пиштоли и, секако, фудбал...

skromno-i-so-mnogu-zabava-za-decata-kako-djordjina-i-ronaldo-go-proslavija-rodendenot-na-kjerkata-video-01.jpg

Без многу екстраваганција и гламур, со забава во игротека, Кристијано Роналдо (36) и неговата партнерка Џорџина Родригез (27) го прославија 4-иот роденден на нивната ќерка Алана, а како што може да се види од видеото што Џорџина го објави на нејзиниот Инстаграм профил, тоа бил ден во кој децата навистина уживале.

skromno-i-so-mnogu-zabava-za-decata-kako-djordjina-i-ronaldo-go-proslavija-rodendenot-na-kjerkata-video-02.jpg

Џорџина која во моментов е бремена со близнаци, минатиот петок (12.11) подготвила роденденска забава со декорации од балони во игротека, а денот бил исполнет со игри и забава.

Возење со колички, војна со ласерски пиштоли, а на забавата присуствуваше и поранешниот клупски колега на Роналдо, Марсело, кој играше фудбал заедно со децата.

skromno-i-so-mnogu-zabava-za-decata-kako-djordjina-i-ronaldo-go-proslavija-rodendenot-na-kjerkata-video-03.jpg.jpg

По ова следеше 3Д филмска проекција и секако голема торта со еднорози.

Сѐ на сѐ, може да се каже дека славниот пар подготвил „скромна“ роденденска забава во која пред сѐ најважно било дечињата да се забавуваат и да си играат, а не родителите да покажат луксуз.

skromno-i-so-mnogu-zabava-za-decata-kako-djordjina-i-ronaldo-go-proslavija-rodendenot-na-kjerkata-video-04.jpg

За потсетување, Кристијано Роналдо има уште три деца - синот Кристијано Џуниор (11) и близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка.  

Погледнете го видеото од роденденската забава во продолжение:

https://www.instagram.com/tv/CWYjGzogriZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Прочитајте и Џорџина е бремена по вторпат, со близнаци: „Роналдо прави свој фудбалски тим“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чек... „На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
„Ова не е нормално“ - Гал Гадот ја бакна ќерка си во уста и стана мета на критики (видео) „Не бакнувајте деца во уста, дури и да станува збор за вашите деца“ е еден од ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg