Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џорџина е бремена по вторпат, со близнаци: „Роналдо прави свој фудбалски тим“

„Роналдо прави свој фудбалски тим“ – коментираат дел од неговите следбеници на Инстаграм, откако тој објави дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена по вторпат, со близнаци.

djordjina-e-bremena-po-vtorpat-so-bliznaci-ronaldo-pravi-svoj-fudbalski-tim-01.jpg

Кристијано Роналдо (36) на Инстаграм ги сподели среќните вести дека повторно ќе стане татко. Тој објави фотографија на која заедно со неговата долгогодишна девојка Џорџина Родригез (27) ги покажуваат фотографиите од ехо-прегледот.

„Воодушевени сме да соопштиме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов – со душа очекуваме да ги запознаеме #благословени“ – напиша Роналдо до фотографиите.

Голем број од неговите следбеници упатија честитки по објавата, а некои коментираа и дека Роналдо прави свој фудбалски тим.

Џорџина и Кристијано се заедно веќе пет години, а тие заедно се преселија во Манчестер, каде светски познатиот фудбалер неодамна потпиша договор со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

За Кристијано ова ќе биде вторпат да стане татко на близнаци. За потсетување, тој веќе има 4 деца: 3-годишната ќерка Алана Мартина која ја доби со Џорџина, 4-годишните близнаци Ева Марија и Матео кои ги доби од сурогат мајка и 10-годишниот син Кристијано Џуниор.

djordjina-e-bremena-po-vtorpat-so-bliznaci-ronaldo-pravi-svoj-fudbalski-tim-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чек... „На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина Родригез: Добија дете по само 1 година врска, не сакаат да с... Се запознале додека Џорџина работела како продавачка во Мадрид, а по седум годин...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Кристијано Роналдо не може да ѝ одолее на Џорџина – парот на одмор во Сен Тропе, по гласините дека с... Кристијано Роналдо и Џорџина уживаат на одмор без децата, откако фудбалерот ги р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg