Кристијано Роналдо не може да ѝ одолее на Џорџина – парот на одмор во Сен Тропе, по гласините дека се венчале
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
Кристијано Роналдо и Џорџина уживаат на одмор без децата, откако фудбалерот ги разгоре гласините дека тајно се венчале. Taa е во танга бикини, а тој не може да одолее на нејзините атрибути.
Периодов Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се на одмор со јахта во Сен Тропе, а за разлика од другите патувања, овој пат се без нивните деца.
На папарацо фотките се гледаат само тие двајца и очигледно вистински уживаат во одморот.
30-годишната Џорџина носеше бели бикини со танга кои ѝ го истакнуваа задникот, а на една од фотките се гледа дека Роналдо не може да ѝ одолее.
Кристијано и Џорџина разговараа додека се сончаа, а во еден миг фудбалерот влезе во водата.
Инаку, пред околу еден месец се засилија гласините дека Роналдо и Џорџина се венчале тајно.
Имено, во промотивно видео за фитнес бренд, фудбалерот ја нарече Џорџина сопруга.
„Кога не вежбам во клубот, сакам да вежбам со сопругата дома“, вели тој.
По изјавата на Роналдо, на прашањата од медиумите одговараше неговиот публицист кој за Page Six сподели:
„Не можам ниту да потврдам ниту да негирам дека Кристијано и Џорџина се во брак. Едноставно, не знам“.
За потсетување, Кристијано и Џорџина почнаа да се гледаат во 2016 година и заедно имаат две ќерки.
Фудбалерот има и уште три други деца кои Џорџина ги гледа како свои.
Повеќе фотки од парот на Сен Тропе:
Спирова С. | Црнобело