Позира во танга, јаде помфрит – Џорџина го живее сонот на рајски одмор со Роналдо и децата (фото)
- Детали
- среда, 05 јуни 2024
Изгледа Роналдо „пуштил душа“, па конечно им дозволил да јадат брза храна на саканите за време на рајскиот одмор, каде семејството има плажа само за себе, уживаат во масажи, спорт и забава во вода.
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез изгледа како постојано да се на рајски одмор во приватни ресорти, откако се преселија во Саудиска Арабија.
Сега таа објави нови фотки од нивниот тековен одмор заедно со децата, каде уживаат во моментите поминати заедно.
Таа се фали со нејзиното секси тело во танга бикини, а на неа секогаш има по неколку парчиња луксузен накит.
Тато Роналдо пак, посветено игра игри и црта со најмалите деца, се бања и спортува со постариот син, но и ужива во рајската глетка на приватната плажа со згодната партнерка во прв план.
Масажи, бањање во џакузи, семејна игра, прегратки во кревет - Џорџина и Кристијано го живеат животот од соништата со 5-те деца.
А изгледа, кога се на одмор, на Џорџина и на децата им е дозволено да се почестат со брза храна, бидејќи вообичаено Роналдо ја забранува оваа храна во нивниот дом.