По секој сладолед мора да вежбаат – и уште 6 строги правила што децата на Роналдо мора да ги почитуваат
- Детали
- сабота, 03 декември 2022
Кристијано Роналдо Џуниор на возраст од 12 години има стомачни мускули исти како оние на татко му. Децата на познатиот фудбалер можат да уживаат во луксузот, но постојат одредени правила до кои мора да се придржуваат.
Кристијано Роналдо има пет деца, а тие мора да следат строги правила што фудбалерот ги наметнува.
Првите три деца, Кристијано Роналдо Џуниор (12) и близнаците Ева и Матео (5) тој ги доби со сурогат мајка, а ќерките Алана Мартина (5) и Бела Есмералда ги доби од врската со Џорџина Родригез.
Според неговите објави на социјалните мрежи може да се заклучи дека тој не штеди кога станува збор за образoванието на неговите деца, но од мали нозе им наметнува здрави животни навики.
Да погледнеме во продолжение до кои строги правила неговите деца мора да се придржуваат?
Кристијано Роналдо Џуниор мора да вежба фудбал секој ден
Јасно е дека најстариот син на светски познатиот фудбалер премногу се гордее со својот татко и сака да ги следи неговите чекори, па доказ за тоа е одлуката да тренира фудбал.
Во филмот I am Georgina, Роналдо вели дека знае колку е важно на децата да им дадете љубов, па нагласува дека тој никогаш нема да го „притиска“ синот да направи нешто.
Но, според него Роналдо Џуниор може да биде одличен фудбалер ако биде доволно посветен, па затоа тој мора секој ден да вежба.
Не смеат да пијат газирани пијалаци полни со шеќери
Роналдо во повеќе наврати говорел за својата диета и за тоа дека консумира храна богата со протеини, овошје и зеленчук, а избегнува шеќери, а кон неговиот начин на исхрана мора да се придржуваат и децата.
Децата на Роналдо не смеат да пијат газирани пијалаци полни со шеќери.
Вежбање по сладолед
Имаат строг режим на исхрана, но Роналдо не заборава дека сепак тоа се деца и повремено сакаат да се почестат со нешто.
Така во 2016-та година тој објави фотографија на која тој и Роналдо Џуниор заедно трчаат на лента за трчање:
„Завршивме со сладоледот, сега е време за вежбање“ – напиша тој до фотографијата.
Минатата година објави фотографија на која може да се види дека Кристијано Џуниор веќе има стомачни мускули како татко му.