Ја нема видено 9 години, но ја издржува финансиски – сопругот на Парис Хилтон има „тајно дете“

„Картер не ја гледа ќерка му, но ја обезбедува финансиски“ – вели портпаролот на новиот сопруг на Парис Хилтон, откако во јавноста исплива добро чуваната тајна дека тој е татко на детето на љубовницата на Мел Гибсон.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-01.jpg

Картер Реум (40), новиот сопруг на богатата наследничка Парис Хилтон (40) има 9-годишна ќерка што ја видел само еднаш во животот кога се родила.

Како што пишува PageSix, Картер ја добил ќерката со ријалити ѕвездата Лаура Белизи, која во 2011-та година кратко беше во врска и со познатиот актер Мел Гибсон.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-02.jpg

Нејзината бременост во тој период привлече големо внимание, затоа што Мел Гибсон тогаш се разведе со неговата сопруга, а се шпекулираше и дека тој е татко на бебето на Лаура, со која краток период беше во врска.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-03.jpg

Лаура Белизи во тој период ги негираше ваквите тврдења, но не го откри идентитетот на таткото на нејзиното бебе.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-04.jpg

Прочитајте и Направил дете со друга додека бил во брак, тужен за насилство – како жените му го „земаа“ богатството на Мел Гибсон?

Сега, по 10 години, светските медиуми дошле до информации дека 9-годишното девојче е ќерка на новиот сопруг на Парис Хилтон, Картер Реум.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-05.jpg

Картер и Лаура се од Чикаго, но Лаура со нејзината ќерка денес живее во Калифорнија.

Наводно, Картер веднаш по раѓањето потпишал документ дека тој е татко на девојчето, без да направи тест за докажување на татковството.

„Луѓето што се засегнати со оваа приказна знаат за девојчето цели 10 години. Картер го поддржува детето. Иако нема класичен родителски однос со неговата ќерка, тој финансиски ја обезбедува од мигот кога се роди и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина“ – изјави портпарол на Картер.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-06.jpg

Прочитајте и Кој е и колку „тежи“ Картер Реум, новиот сопруг на Парис Хилтон, со кого направи тридневна свадба?

PageSix повикувајќи се на сопствени извори блиски до Лаура, пишува дека, наводно, 9-годишното девојче е скршено од болка затоа што нејзиниот татко деновиве постојано е во медиумите и говори дека сака да започне ново семејство со новата сопруга.

Наводно, ваквите изјави од таткото што никогаш не го видела, дополнително придонесуваат за тоа да се чувствува отфрлено.

ispliva-dobro-chuvanata-tajna-na-noviot-soprug-na-paris-hilton-toj-ima-9-godishna-kjerka-shto-ne-saka-da-ja-vidi-07.jpg

Инаку, Картер и Парис стапија во брак на 11-ти ноември годинава, на семејниот имот на дедото на богатата наследничка во Бел Ер. Нивната свадба траеше три дена, а привлече огромно внимание од медиумите и јавноста.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg