Направил дете со друга додека бил во брак, тужен за насилство – како жените му го „земаа“ богатството на Мел Гибсон?

Првата сопруга на Мел Гибсон по разводот му зема половина од целото богатство, девојката Оксана Григориевна требаше да добие 15 милиони долари откако тој беше обвинет за семејно насилство. Колку го „чинеа“ жените холивудскиот актер?

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-01.jpg

Мел Гибсон е добро познат актер, филмски режисер и филмски продуцент, а неговото богатство во моментов се проценува на 425 милиони долари. До 2009-та година, Гибсон „тежеше“ двојно повеќе, односно околу 850 милиони долари, но во разводот со поранешната сопруга загуби половина од сопственото богатство.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-02.jpg

Се смета дека разводот на Мел Гибсон (65) и неговата сопруга Робин Мур Гибсон е еден од најскапите разводи во Холивуд. 

Мел и Робин биле заедно 26 години, односно стапиле во брак во 1980-та година, но се запознале во 70-тите години на минатиот век. Робин по професија била стоматолошка сестра, а се запознале кога актерот имал проблеми со забите.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-04.jpg

Во периодот, кога се запознал со Робин, Мел бил сиромашен и работел со театарска дружина во Јужна Австралија.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-06.jpg

Сепак, двојката стапила во брак, а актерот решил да не направи предбрачен договор, што подоцна ќе го чини скапо, затоа што целата слава и милионите ги заработил додека бил во брак со неа.

Робин и Мел заедно имаат седум деца: Хана (41), Кристијан и Едвард (39), Вилијам (36), Луиз (33), Мило (30) и Томас (22).

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-03.jpg

По стекнатата слава во улогата во филмот „Лудиот Макс“, Робин не била многу заинтересирана за славата, црвените килими и луксузниот живот, а иако имало голем број гласини за неверства таа не се огласувала и не говорела во јавност за написите.

Според дел од медиумите, проблемите во нивниот брак почнале да се јавуваат на почетокот на 2000-тите години. Тие се разделиле во 2006-та година кога актерот бил уапсен за возење под дејство на опојни супстанци и алкохол, но она што ја прелеало чашата и ја натерало Робин да поднесе документи за развод биле информациите дека неговата тогашна девојка Оксана Григориева е бремена со осмото дете на Мел Гибсон.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-07.jpg

Во една прилика, по разводот Мел изјави дека тој е главен виновник за тоа што нивниот брак што важеше за еден од најскладните во Холивуд се распаднал.

„Кога сè е кажано и завршено, морам да нагласам дека јас бев тој што успеа да го разори бракот. Ако треба да судите, тогаш јас сум виновникот“ – изјави своевремено актерот.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-10.jpg

За време на судењето во кое Оксана го обвинуваше Мел за семејно насилство, Робин му остана верна на поранешниот сопруг и сведочеше во негова корист. Таа рече дека Мел никогаш не бил насилен ниту кон неа, ниту кон нејзините деца и дека тој бил мошне прекрасен татко.

Како ги троши Робин парите од разводот?

По разводот со Мел Гибсон, Робин се труди да живее анонимно и да не се истакнува премногу во јавноста. За неа се знае дека инвестирала во три луксузни имоти во Малибу, што потоа ги ставила на продажба за многу повисоки цени.

За скандалот со Оксана Григориева и за тоа колку пари требаше да ѝ исплати нејзе прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg