Направил дете со друга додека бил во брак, тужен за насилство – како жените му го „земаа“ богатството на Мел Гибсон?
Мел Гибсон од друга страна имаше катастрофална разделба со Оксана Григориева, со која ја доби ќерката Лучија (11) во 2009-та година. Оксана следната 2010-та година поднесе барање до судот на актерот да му се забрани пристап до неа и до нивната новородена ќерка, откако претходно тој наводно ѝ се заканувал со пиштол.
Судскиот процес се заврши спогодбено, а Гибсон мораше да ѝ исплати на Григориева 15 милиони долари под услов таа да не ги објавува видео снимките во кои се гледа дека актерот е насилен. Сепак, видео снимките се појавија на интернет поради што Григориева доби само 750.000 долари и тоа на три рати од по 250.000 долари.
По ова Григориева направи уште една грешка и јавно говореше за семејното насилство, поради што ги загуби и преостанатите 500.000 долари.
Во своја одбрана Мел Гибсон тврдеше дека ѝ удрил шлаканица на Оксана која во моментот имала напад на хистерија, со цел да ја заштити нивната тогаш 2-месечна ќерка.
Од 2014-тата година, Мел ја започна врската со сценаристката Росалинд Рос, со која во 2017-та година го доби деветтото дете Ларс Жерар Гибсон (4).
Тие се заедно веќе 7 години, иако таа е помлада од него 34 години.
Како и да е, иако ужива во долгогодишната врска и во татковството, Мел по разводот со Робин никогаш повторно не стапил во брак.
Б. С. Б. | Црнобело