Кој е и колку „тежи“ Картер Реум, новиот сопруг на Парис Хилтон, со кого направи тридневна свадба?
Неговото богатство е значително помало од она на Парис Хилтон, но далеку од тоа дека е за жалење. Кој е Картер Реум – милионерот што успеа да ја „скроти“ Парис Хилтон?
Познатата наследничка Парис Хилтон викендов стапи во брак со нејзиниот свршеник Картер Реум со кого беше во врска малку повеќе од една година.
Тие направија бајковита тридневна забава, на која присуствуваа голем број светски познати личности.
Погледнете и Први фотки од бајковитата тридневна свадба на Парис Хилтон: „Од мала вака си го замислував овој ден, на имотот на дедо ми“
За Парис знаеме многу, таа во последните две и пол децении постојано е присутна во јавноста, како со големиот број скандали, така и со нејзините проекти, но што знаеме за нејзиниот сопруг – кој е Картер Реум?
За Картер Реум велат дека е милионерот кому конечно му успеа да ја „смири“ нескротливата Парис. По три неуспешни свршувачки, богатата наследничка му го кажа судбоносното „ДА“ на Картер.
40-годишните Парис и Картер почнаа да се забавуваат во ноември 2019-та година, а тој ја побара за сопруга во февруари годинава.
Парис за него вели дека е нејзиниот совршен партнер и дека се чувствувала како нивниот брак да бил предодреден да се случи.
Парис и Реум ја пoчнаа врската една година откако таа ја раскина свршувачката со актерот Крис Зилка. Парис рече дека конечно се чувствува како возрасна и дека не може да дочека да почне семејство со Картер и конечно да порасне.
Парис претходно напомена дека Реум бил долгогодишен семеен пријател на семејството Хилтон, се знаат околу 15 години, а врската ја почнале откако се сретнале на прославата по повод Денот на благодарноста кај сестра ѝ Ники.
Се знае дека Картер е син на милионер, а благодарение на добрите инвестиции денес се проценува дека тој тежи околу 40 милиони долари, што е значително помалку од богатството на Парис кое изнесува 300 милиони долари.
Картер Реум е син на Роберт Реум, поранешен CEO на Amsted Industries, една од најголемите приватни компании во САД. Тој ги искористил можностите што му биле пружени од најмала возраст и успеал себеси да се изгради во успешен бизнисмен.
Во 2016-та година Картер и неговиот брат Кортни ја основаат компанијата M-13. Тие се претрпиемачи и инвеститори, што им помагаат на основачите на компаниите да донесат подобри одлуки.
Меѓу најпознатите клиенти на Картер Реум се и Lyft, Pinterest, Snapchat и други.
Во минатото Реум работел во Goldman Sachs во одделот за инвестициско банкарство.
За разлика од неговата сопруга Парис, Картер е срамежлив и ретко се појавува пред камерите, но затоа работи како автор што пишува книги и новински текстови од областа на инвестициите.
Картер и неговиот брат Кортни во 2018-та напишале книга насловена Shortcut Your Startup: Ten Ways to Speed Up Entrepreneurial Success, наменета за сите оние што имаат намера да започнат сопствен бизнис.
Прочитајте и Сама си бирала прстен од грчки милионер, секс-снимка на 19 години - Скандалите на богатата наследничка Парис Хилтон
Б. С. Б. | Црнобело