Први фотки од бајковитата тридневна свадба на Парис Хилтон: „Од мала вака си го замислував овој ден, на имотот на дедо ми“
- Детали
- сабота, 13 ноември 2021
На 11-ти ноември, богатата наследничка Парис Хилтон го кажа судбоносното „ДА“ во бајковита венчаница која била изработувана 1.400 часа, а се појави во уште 3 невестински фустани, на првиот ден од свадбата со Картер, која ќе трае вкупно три дена.
На 11-ти ноември (четврток) Парис Хилтон зачекори кон олтарот, на бајковита церемонија организирана на имотот на нејзиниот починат дедо Барон Хилтон, во Бел Ер.
Богатата наследничка го кажа судбоносното „ДА“ во прекрасна венчаница на Oscar de la Renta, која како што самата вели, сакала да биде безвременска, елегантна, шик и легендарна, а била изработувана 1.400 часа.
Парис уште кога била дете вака си ја замислувала својата свадба од бајките, на имотот на нејзиниот дедо, а открива дека е пресреќна што желбата ѝ се исполнила и што ја живее својата љубовна приказна со избраникот Картер.
„Со Картер сме пријатели преку 15 години. Во 2019-та се случи некоја хемија помеѓу нас и другото е историја. Запросувањето беше многу романтично. Како мало девојче, секогаш си велев дека ќе имам бајковита свадба на поранешниот имот на дедо ми, ми буди многу спомени. Прекрасно е што сонот ми се исполни.“ – изјави Парис за Vogue.
Откако се заколна на вечна љубов во елегантната венчаница, Парис заигра на подиумот во краток, бел фустан, со 3Д цветови, исто така креација на Oscar de la Renta.
Иако претходно најави дека на денот на свадбата ќе промени 10 аутфити, тоа не се исполни, но сепак Парис заблеска во 4 различни фустани. По бајковитата церемонија, Парис и Картер, кои најавија дека нивната свадба ќе трае три дена, на вториот ден (петок) организираа забавен карневал „Светот на Парис“ во Калифорнија, во изнајмен забавен парк. Брачниот пар се појави во модно усогласени комбинации – Парис облечена во розов фустан со вел, а Картер во сини тренерки искомбинирани со розови детали. Повеќе фотки од бајковитиот прв свадбен ден на Парис и Картер:
М. М. | Црнобело