Од природна убавица до изобличен лик – ѕвездата на „Сексот и градот“ е непрепознатлива по естетските корекции (фото)
- Детали
- понеделник, 15 ноември 2021
Обожавателите на серијата „Сексот и градот“, кои со нетрпение го очекуваат продолжението со омилените хероини, забележале дека една од актерките која ја глуми Шарлот (Кристин Дејвис) денес воопшто не личи на жената што со години ја гледале на ТВ екраните.
56-годишната Кристин Дејвис никогаш не зборувала отворено ниту пак ги негирала гласините за естетските корекции. Но, повеќе од јасно е дека актерката користела филери и ботокс, до тој степен што повеќе не личи на себеси.
Трејлерот за најновото продолжение со 10 епизоди кое го носи насловот And Just Like That… беше дочекан со голема возбуда.
Но, шпекулациите за изгледот на Дејвис се огромни, бидејќи сите се прашуваат што се случило со нејзиното лице.
„И токму така, Шарлот има ново лице“, „Што направила Шарлот со нејзиното лице“, „Се прашувам колку платила Кристин Дејвис за ваква ужасна пластична операција. Некогаш беше природна убавица“, се само дел од коментарите кои се проширија на социјалните мрежи.
Интересно е што Кристин во интервју за „New Beauty“ во 2018 година изјавила дека не сака да го менува својот изглед со помош на пластични операции бидејќи се плаши од игли, компликации и крајните резултати кои не може да се поправат.
Но, судејќи по најновите фотографии и снимки, изгледа се предомислила.
Кристин, која во серијата ја глуми Шарлот Јорк, се појавила за првпат во улогата во 1998 година, а сега, повеќе од две децении подоцна, се враќа на малите екрани заедно со колешките Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон.
Продолжението на култната серија која започнува со емитување на 9 декември на HBO Max, And Just Like That …, ќе има 10 епизоди, а за секоја епизода актерките ќе добијат хонорар од 1 милион долари.
Погледнете го трејлерот за новата сезона на „Sex and the City“ и новиот изглед на Кристин Дејвис:
https://www.youtube.com/watch?v=KNLwEjJPbcs
(О)Милена | Црнобело