Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултипла склероза
- Детали
- сабота, 13 јануари 2024
Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 1999 година, но и денес го носи епитетот „култна“ и им е омилена на многу луѓе во светот. Ова е една од најуспешните серии во историјата. Каде се и што прават денес актерите што ги оживеаја ликовите?
Неверојатната приказна на мафијашкото семејство Сопранови, предводено од Тони Сопрано, не застарува и се прераскажува на помладите генерации како „генијална серија која не смее да се пропушти“.
Серијата се прикажуваше 6 сезони, период во кој освои 5 Златни Глобуси, 21 Еми награда и 2 награди Пибоди.
Се сеќавате ли на главните актери од серијата?
Главниот лик во серијата, Тони Сопрано, го глумеше актерот Џејмс Гандофини, кој почина ненадејно во 2013 година од срцев удар.
За легендарната улога, Гандолфини освои 3 Еми награди, Златен Глобус и 3 награди од Здружението на актерите.
Некои продуценти почнаа до толку да го поистоветуваат со суровиот мафијаш, што и по завршувањето на серијата му нудеа слични улоги.
Во 1999 година тој се ожени со продуцентката Марси Вударски, со која доби син. Се разведоа во 2002-ра. По шест години се венча со Дебора Лин, која му ја роди ќерката Лилијана.
Кога почина ненадејно на 51 година од срцев удар, во јавноста се дозна дека бил тежок зависник од наркотици и алкохол, нешто што го знаеле само најблиските.
Улогата на Кармела Сопрано, сопругата на Тони, ја глумеше Еди Фалко. И таа доби неколку награди за својата улога.
По завршувањето на серијата таа глумеше во неколку серии и филмови, а меѓу нејзините последни остварувања е улогата во филмот Avatar: The Way of Water.
Таа ќе се појави и во третото продолжение на филмот.
Џејми-Лин Сиглер ја глумеше Медоу Сопрано. Оваа улога ѝ го отвори патот кон славата, па почна да снима многу серии и филмови.
На 20 години ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза, по што почна да им помага на луѓето кои се соочуваат со истата болест.
Првпат се омажи во 2003 година, но по 2 години се разведе.
Во 2016 година се омажи вторпат и од овој брак има две деца.
Нејзиниот брат Еј Џеј во серијата го глумеше Роберт Илер.
Иако по крајот на снимањето на The Sopranos глумеше и во серијата Law and Order, сепак реши да се откаже од глумата и да стане професионален играч на покер во Лас Вегас.
Тој не ги криеше своите проблеми со зависностите, но последните години вели дека е „чист“. Од 2022 година има и свој подкаст - Pajama Pants.
А. Ј. | Црнобело