Ми стигна првата нарачка од TEMU, ја чекав до Скопје 3 недели - Што очекував, а што добив?
- Детали
- петок, 13 декември 2024
„Нестрплива да ја добијам нарачката се јавив во курир службата кај нас, а таму преку телефонскиот број го пронајдоа пакетот и ми кажаа дека курир треба да го преземе следниот или најдоцна за 2 дена, но и дека во таа пратка стигнале преку 14.000 пакети за Македонија“.
Во моментот кога почна TEMU-манијата кај нас, решив да направам нарачка и да си ја пробам среќата.
Си реков, ќе потрошам околу 20 евра, па ако се производите океј, си оставам можност да порачувам и во иднина.
А, ако не чинат, ќе ги прежалам парите и веќе никогаш нема да ја погледнам апликацијата.
Какво беше моето прво искуство?
Истиот ден кога дознав дека постои можност да се порача на TEMU од Македонија, ја инсталирав нивната апликација на мобилниот, што е најдобра опција да се заштитите од препродавачи кои објавуваат реклами со секакви производи, а не се TEMU.
Решив дека ќе потрошам околу 1.000 денари, но се испостави дека минималниот лимит за првата порачка ми е 1.100 денари, па на крај, некако се собраа 20+ евра.
Во „корпата“ ставав прво што ми дојде под рака: новогодишни украси, накит, приврзоци, држач за мобилен за во автомобил, стегачи за коса, микрофибер крпа.
Сакате да купите? О, да, сакам! Платив и веднаш добив порака дека мојата порачка е процесирана.
Потоа ми остана да чекам за да ми ја испорачаат во Скопје.
Како што минуваа деновите, стигаа нови пораки - порачката е испратена, пакетот пристигна во вашата земја, нарачката помина царина, нарачката чека да ја преземе курир, курир ја подигна нарачката, очекувајте испорака.
Нестрплива, во еден момент се јавив во курир службата кај нас, од каде што преку мојот телефонски број го пронајдоа пакетот и ми кажаа дека курир треба да го преземе најдоцна за 2 дена.
Прашав дали постои опција да го земам сама од магацинот, на што девојката љубезно ми рече:
„Во оваа пратка имавме преку 14.000 пакети, секако е ставен на листата, ќе го добиеш за ден-два. Искрено, не верувам дека ќе успеете да го најдете во магацин“.
Па, решив да чекам.
Иако очекував да ме бараат преку работна недела, курирот од Скопје ми се јави во недела попладне. Ми испрати шифра со која верификувавме дека сум ја примила порачката.
Од моментот кога порачав, додека да ја добијам нарачката, поминаа 3 недели.
И мора да признаам дека од повеќето работи сум презадоволна, дури и да не се 100% како на фотографијата, но имаше и неколку предмети кои ме разочараа.
Во продолжение, дел од нарачката и моите впечатоци за предметите што ги купив:
Од што сум задоволна?
Приврзок за клучеви - го купив како подарок за сестра ми и во живо изгледа дури и поубаво отколку на TEMU
Бели обетки - иако не се 100% исти, во живо се фантастични
Очила за сонце, кутија од 6 парчиња - бојата и моделот се исти како на фотографијата, иако пластиката мислам дека е лесно кршлива
Но, 6 пара очила за 300 денари, кои ќе ми седат во автомобил, на работа и по чанти (за кога ќе заборавам да си ги земам очилата) се совршени.