Глумеше Бонд девојка, беа во брак 14 години - Која е втората (заборавена) сопруга на Ричард Гир?
- Детали
- сабота, 20 јули 2024
По долги години љубов и по раѓањето на нивниот син, Ричард Гир се ожени со Кери Лоуел, која беше негова втора сопруга. Но, она што почна како голема љубов, заврши со многу караници за пари и омраза.
Холивудскиот ветеран од 2018-та живее во складен брак со 33 години помладата сопруга, Алехандра Силва.
Но, пред да стапне на лудиот камен со атрактивната Шпанка, ѕвездата на Pretty Woman и Officer and Gentleman, двапати се разведуваше.
Прва сопруга на Гир беше Синди Крафорд. Со неа се ожени кога таа беше на врвот на својата популарност, во 1990-тите.
За нив се знае многу, а медиумите и денес знаат да го „спомнат“ овој брак во своите статии.
Но, најмалку се зборува за втората сопруга на Гир, за која актерот велеше дека му е сродна душа и дека со неа планира да го помине остатокот од животот.
Таа и Гир беа во брак 14 години и тоа е најдолгиот брак на актерот. Со Крафорд беше во брак 4 години, а со сегашната сопруга е во брак 6 години.
Каде е денес Кери Лоуел?
Кери (63) е поранешна манекенка и актерка, која одамна се повлече од јавниот живот на Холивуд.
Најпозната е по улогата на Пем Бувије во филмот за Џејмс Бонд, License to Kill со Тимоти Далтон.
Со актерот се венчаа 2002-ра, две години откако таа го роди нивниот син Хомер Џејмс Гир.
Во текот на нивниот брак не беа многу експонирани во јавноста, живееја повлечено, а Кери му беше огромна поддршка на актерот, кој додека беше со неа, сними некои од своите најзначајни филмови.
И додека неговата кариера цветаше, таа беше посветена на синот и не сакаше да се врати пред камерите.
По една деценија брак, Кери поднесе барање за развод поради „разлики во животниот стил“.
Медиумите тогаш пишуваа дека Кери сакала да излегува и да се дружи со луѓе, а Ричард преферирал да седи дома и да не излегува ако не мора.
По ова, парот почна долга и исцрпувачка правна борба, која во голема мера се водеше во тајност, но во медиумите повремено се појавуваа фотографии од Гир како бесен истрчува од судницата.
Околу старателството на синот се договориле веднаш, но не успеале да ги договорат другите детали, поради што цели 4 години се разведуваа.
Наводно, нивните средби во судницата биле толку бурни, што Гир, иако е будист, реагирал гласно и далеку од зен филозофијата која е дел од оваа религија.
Според медиумите, Кери барала 100 милиони долари од неговото богатство (кое во тоа време било проценето на 250 милиони), а одбивала да се исели и од нивниот дом вреден 4.5 милиони долари.
Конечно се разведоа во 2016 година, кога нивниот син веќе имаше 16 години.
Иако никогаш не беше потврдено, Кери наводно добила дури 120 милиони долари од разводот.
Кери денес е далеку од Холивуд. Таа се посвети на грнчарството и изработува керамички производи, а ги промовира преку Инстаграм.
А. Ј. | Црнобело