Адел, Лејди Гага и уште 9 познати музичари кои прекинале концерт за да им помогнат на фановите во публиката
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
Кога Курт Кобејн, фронтменот на Nirvana, забележал дека маж од публиката допира и вознемирува девојка, почнал да покажува кон него за сите присутни да видат што се случува и да го посрамоти.
На музички концерт каде што присуствуваат илјадници фанови, очекувано е одвреме-навреме некој да се почувствува лошо, да изгуби свест, па дури и да му треба медицинска помош.
Во овие мигови, музичарите што настапуваат би требало да преземат нешто, како паузирање, па дури и прекинување на концертот, и повеќето навистина го прават тоа.
Но не и Тревис Скот, момчето на Кајли Џенер, на чиј концерт загинаа дури осум лица во стампедо.
Тревис е остро критикуван од јавноста бидејќи продолжил со настапот додека неговите фанови буквално умирале во публиката, а многумина почнаа да посочуваат примери од други музичари кои постапиле правилно во слични ситуации.
Од Адел, до членовите на култниот бенд Nirvana, погледнете кои славни музичари ги прекинале нивните концерти за да им помогнат на фановите во публиката:
Адел
Во 2011 година, за време на концерт во Лондон, Адел прекинала со пеење бидејќи некој од публиката изгубил свест.
Пејачката забележала дека нешто не е во ред, но бидејќи не видела медицински лица во близина, на микрофонот изјавила: „Може ли некој да покаже дека се грижи, ве молам“.
Кога медицинските екипи сфатиле што се случува, пејачката им покажала кон каде да се движат, а од фановите побарала да им направат место.
Штом на Адел ѝ потврдиле дека медицинските лица го згрижиле фанот, одново ја почнала песната и го довршила концертот.
Nirvana
За време на концерт во 1993 година, Курт Кобејн одеднаш престанал со пеење бидејќи забележал дека еден маж вознемирува девојка во публиката. Наводно, мажот ја допирал, а таа не можела да му се оттргне.
Тогаш Курт и останатите членови од бендот почнале да покажуваат кон мажот и да викаат „Гледајте го!“ за да го посрамотат пред целата публика.
Panic! аt the Disco
На концерт во 2014 година, девојка од публиката имала напад, а штом фронтменот на бендот забележал дека нешто не е во ред, ја замолил публиката да направи место за медицинските лица.
Од публиката почнале да викаат и пеат, но пејачот ги прекинал: „Почекајте. Дајте ни секунда. Треба да ја изнесеме оваа убава девојка од овде“.
Штом медицинските лица се погрижиле за девојката, тие продолжиле со концертот.
Хари Стајлс
Хари Стајлс прекина концерт во 2019 година со прашање до публиката: „Имам сериозно прашање. Дали сте во ред таму?“
Од публиката извикала „Не“, па Хари прашал дали има некоја жена на земјата. Откако му потврдиле, пејачот изјавил дека доаѓа помош и ги замолил фановите да направат место за лекарите.
A$AP Rocky
Раперот се заканил дека ќе го прекине концертот во 2019 година ако не се смири публиката.
Наводно, тој забележал дека неколку луѓе биле на земјата и другите газеле врз нив, по што извикал: „Кренете ги девојките! Помогнете им, што ви е?!“
Раперот неколкупати ѝ повторил на публиката да се смири, изјавувајќи дека нема да го продолжи концертот, сè додека не станат сите од земјата.