Лејди Гага со „храбар“ фустан на премиерата на „House Of Gucci“, но Џаред Лето ја засени со ексцентричноста (фото)
- Детали
- среда, 17 ноември 2021
Дали Лејди Гага повторно ќе блесне во улога на актерка како во филмот „A Star Is Born“? На премиерата на долгоочекуваниот филм „House Of Gucci“ во Њујорк го бакнуваше и прегрнуваше Ал Пачино (81).
Лејди Гага се појави во впечатлив црн Armani фустан со тул во пределот на градите на премиерата на филмот „House Of Gucci“ во Њујорк. Изгледот го надополни со дијамантски обетки и алка, како и црвен кармин.
Дел од нејзините впечатливи тетоважи дојдоа до израз во фустанот со разголен грб.
35-годишната пејачка, откако блесна во улогата во филмот „A Star Is Born“, повторно е во фокусот на филмската индустрија со улогата во „House Of Gucci“.
Покрај неа беа и Ал Пачино (81) и Џаред Лето, кој се појави во ексцентрично модно издание. 49-годишниот актер се појави во жолт кадифен костум и златна ролка и чевли.
На премиерата беше и Салма Хајек (55) на која годините не ѝ можат ништо.
Фотки од филмската премера:
С. С. | Црнобело