Зошто славните се уплашени по апсењето на Пи Диди - Ги приморувал да учествуваат во оргии, па ги снимал
- Детали
- понеделник, 23 септември 2024
Беше во врска со Џеј Ло, се забавуваше со принцовите Хари и Вилијам, се фотографираше со познати политичари, му беше ментор на Џастин Бибер. Пред извесен период имаше тврдења дека понудил 1 милион долари за убиството на Тупак. Зошто Холивуд стравува по апсењето на Пи Диди?
Раперот и музички продуцент Шон Комбс (54), кој на јавноста ѝ е најпознат како Паф Деди или Пи Диди, минатата недела заврши зад решетки, со обвиненија за рекет и трговија со луѓе.
Апсењето на Пи Диди следуваше како резултат на 10-месечната истрага на полицијата и ФБИ, откако голем број жени го обвинија раперот дека биле негови жртви на сексуално, вербално, ментално и физичко насилство.
Тие тврдат дека Пи Диди ги удирал, фрлал предмети на нив, ги влечел за косата, а понекогаш им требале и по неколку дена за да заздрават по физичкото малтретирање што го трпеле.
Според она што е објавено во светските медиуми и новински агенции, Пи Диди и неговите соработници биле членови на криминална организација.
Тие се занимавале со повеќе илегални активности, меѓу кои трговија со луѓе, принудна работа, принуда и транспорт на луѓе кои требало да бидат вклучени во проституција, злоупотреба на опојни супстанци, киднапирање, предизвикување пожар, поткуп и попречување на истрагата…
Списокот на криминални дејствија за коишто тој е обвинет е подолг, а откако му било одбиено барањето да плати кауција во износ од 50 милиони долари и да се брани од слобода, раперот наводно бил ставен под надзор во затворот, затоа што постојат стравови дека би можел да изврши самоубиство.
Како што пишува Independent.co.uk, се верува дека Пи Диди и неговите соработници ги злоупотребувале жените и другите околу нив, ги наведувале да се вклучат во сексуални дејствија, со цел да ги „исполнат неговите фантазии“ – притоа сите сексуални дејствија биле снимени, а оргиите и забавите, тој ги нарекувал „Freak Outs“.
Инаку, познато е дека Пи Диди им помогнал на голем број познати ѕвезди да ја започнат својата кариера, меѓу кои и на Џастин Бибер, но засега никој од нив јавно не застанал ниту да му даде поддршка, ниту пак се осврнува на настанот.
Во светските таблоиди деновиве постојано се објавуваат фотографии на Пи Диди со Џеј Ло, Наоми Кемпбел, Ештон Кучер, принцовите Вилијам и Хари, Џеј Зи, Доналд Трамп, Камала Харис, Опра…
Но, интересно е што ниту еден од нив досега јавно не кажал ништо, ниту пак застанал во одбрана на обвинетиот рапер и продуцент.
„Славните молчат затоа што смртно се уплашени дека нивните брендови ќе претрпат загуби заради поврзаноста со Диди.
Уште повеќе се плашат дека ако му згрешат, нештата може да завршат катастрофално за нив“ - вели Ерик Шифер, извршен директор на Reputation Management Consultants (Консултанти за управување со репутација) за Fox News.
Во светските таблоиди деновиве се објавени ретки фотки на кои Џеј Ло и Пи Диди се заедно за време на една од неговите забави, во времето кога тие беа во врска (1991-2001 година).