Вооружени агенти ги претресуваат куќите на Пи Диди, по обвиненијата за силување – Двајца се уапсени, изнесуваат кутии со докази
- Детали
- вторник, 26 март 2024
Група вооружени агенти направија претрес на двете куќи на Пи Диди, поради сомнение дека бил вплеткан во трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Тој веќе води судска битка со неколку жени кои го обвинуваат за силување.
По обвиненијата на неговата бивша девојка, две куќи на Пи Диди беа претресени од Homeland Security (Оддел за домашна безбедност), наводно поради сомнение дека бил вмешан во трговија со луѓе и сексуална експлоатација.
Куќите на раперот во Лос Анџелес и Мајами биле претресени во понеделникот (25.03), како дел од истрага за трговија со луѓе.
Пи Диди не бил во домот, но подоцна неговиот приватен авион бил лоциран на Карибите.
Од фотките објавени на Daily Mail се гледаат неколку вооружени агенти пред куќите на раперот, а две лица биле уапсени.
Од куќите биле изнесени и повеќе торби и кутии со докази, а над имотите имало и хеликоптери додека траел претресот.
За Daily Mail, портпаролот на одделот за домашна безбедност изјавил дека кога ќе имаат повеќе информации во врска со случајот, ќе ги споделат со јавноста.
Истовремено, не се знае што точно ги натерало да ги пребараат куќите на раперот.
Во меѓувреме, се огласи 50 Cent, кој е долгогодишен ривал на Пи Диди, кој сподели фотка од претресот.
Тој вели дека уапсените лица се децата на Пи Диди и истакнува дека:
„Тие (агентите) не влегуваат туку така освен ако немаат случај“.
Се огласи и една од девојките која излезе со обвиненија за раперот дека ја силувал:
„Што си посеал, тоа ќе жнееш. Се молам ова да ги охрабри сите жртви конечно да споделат низ што поминавме“.
Откако беа објавени фотките од претресот, раперот бил забележан на аеродром во Мајами каде што бил испрашуван од агентите. Сепак, не бил уапсен.
Според изворите, по летот до Карибите, раперот извесен период летал над Калифорнија, пред да биде запрен на аеродромот во Мајами.
За потсетување, Пи Диди води неколку судски битки, вклучувајќи и една со жена која тврди дека раперот и уште двајца пријатели ја силувале кога имала само 17 години.
Според Rolling Stone, адвокат веќе разговарал со анонимни маж и жена кои наводно биле жртви на раперот и ги испрашувал за случајот со трговија со луѓе и сексуална експлоатација, но и за обвиненија против раперот поврзани со рекетирање.
Биле закажани уште неколку испрашувања со потенцијални жртви на раперот.
Пи Диди со девојката која го обвини за силување
Досега четири жени го имаат обвинето раперот за силување и сексуален напад.
Во тужбите, сите го опишуваат како насилен маж кој го користи статусот на позната личност за да ги заведува и малтретира жените.
Прочитајте повеќе: „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
Повеќе фотографии од претресот во галеријата:
Спирова С. | Црнобело