Пи Диди е уапсен по обвиненијата за трговија со луѓе (иако ѝ плати 100 милиони долари на бившата за да молчи)
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
Неговата поранешна девојка тврдеше дека 10 години ја терал да има секс со други мажи, беше објавено видео на кое се гледа како ја удира во глава и ја кубе за коса… Иако ѝ плати 100 милиони долари за да молчи, раперот Пи Диди сепак заврши зад решетки, по обвиненијата за секс трговија.
Раперот Шон Комбс (54), попознат како Пи Диди е уапсен по обвиненијата за секс трговија.
Како што денес информираат сите светски медиуми, раперот бил уапсен од страна на полицијата во понеделникот (16.09), иако првично плановите биле тој да биде лишен од слобода ден подоцна.
Засега не се знае што е она што ги натерало властите да ја забрзаат процедурата за негово апсење.
Не се знаат точно ниту обвиненијата со кои се товари раперот, но во изминатите неколку месеци тој се соочуваше со скандали откако беше обвинет од повеќе лица за трговија со сексуални работници, а повеќе девојки и мажи го обвинија за сексуално злоупотребување и насилство.
Неговата поранешна девојка Кеси Вентура (38) кон крајот на минатата година јавно говореше за хоророт низ којшто поминала додека била во врска со него, тврдејќи дека раперот ангажирал машки проститутки и ја терал да има секс со нив.
Велеше дека често се случувало таа да има секс со повеќе мажи кои биле маскирани, додека Диди и неговите пријатели ја гледале, мастурбирале и ја снимале.
За време на ваквите ужасни средби, како што ги нарече, Диди ѝ давал опојни супстанци со цел да ѝ помогне да се „исклучи“, а по негова препорака и таа и мажите требало целосно да бидат премачкани со лубриканти.
Освен тоа, во мај годинава беше објавено видео на кое се гледа како во 2016-та година ја нападнал во нивната хотелска соба.
Пи Диди јавно се извини за инцидентот, а спорот со Кеси го решија во вонсудска парница, откако тој ѝ исплати 100 милиони долари.
Прочитајте и „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
По Кеси, со обвиненија излегоа и голем број други девојки, но и мажи кои тврдат дека биле жртви на сексуална трговија, организирана од раперот.
По ова властите започнаа голема истрага, го претресуваа домот на раперот во Лос Анџелес, но засега нема точни информации за тоа што досега било најдено кај него.
Инаку Пи Диди, се прослави уште во 90-тите години на минатиот век, а имаше теории и дека е вмешан во убиството на Тупак Шакур.
Прочитајте и Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби
Б. С. Б. | Црнобело