Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете)

Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е страв да се соочите со реалноста.

stravot-poradi-koj-ne-ste-srekjni-i-uspeshni-spored-horoskopskiot-znak-i-kako-da-go-nadminete-1.jpg

Иако некогаш не сакаме да си признаеме, сите имаме стравови за кои (можеби потсвесно) знаеме дека нè кочат.

Некогаш овие стравови се поради некој настан од нашето минато, но некогаш се само плод на нашите карактери.

Од кој страв треба да се ослободите вие, според хороскопскиот знак?

Овен – страв дека ќе изгубите контрола

Вие сте воинот во зодијакот и го покажувате најдоброто од себе кога сте на лидерска позиција, а и сакате динамично темпо.

Но, стравот дека ќе изгубите контрола над ситуацијата може да ви создаде сериозен проблем.

За да го надминете овој страв, треба да повеќе да верувате во вашите способности.

Бидете флексибилни и не заборавајте дека не мора да ја контролирате секоја ситница за да бидете успешни.

Бик – страв од промени

Ако нешто цените најмногу во животот, тоа се удобноста и стабилноста.

Па, станува јасно дека она што смртно ве преплашува се промените.

Им се спротивставувате со целата сила, а не сфаќате дека поради тоа сте „заглавени“.

Ако сакате да бидете среќни и успешни, некогаш ќе мора и да направите некоја промена.

Близнаци – страв од посветеност

Бидејќи сте љубопитни, тешко ви е да се посветите само на една работа.

А, ова важи за секој аспект од вашиот живот – од работно место, до врски со другите луѓе.

За да бидете успешни и среќни, мора да го надминете овој страв и да пробате да го насочите фокусот барем на едно значајно нешто.

Без разлика дали тоа ќе биде постојан партнер, стабилно работно место или само хоби, потрудете се да се посветите на едно нешто и веднаш ќе забележите позитивна промена.

Рак – страв од одбивање

Вие сте мошне емотивна личност и најважното нешто ви е односот со вашите сакани.

Оттука станува јасно дека помислата да бидете одбиени, особено од саканите, е нешто што ве плаши најмногу.

Мора да сфатите дека нема секогаш да им се допаѓате на сите и тоа е сосема во ред.

Во вашиот живот има многу личности кои ве сакаат и ценат, па не е крај на светот ако некогаш бидете одбиени од некој друг.

Лав – страв од критика

Иако имате голема самодоверба, потребни ви се комплименти и туѓо признание за да се чувствувате добро во врска со себе.

Бидејќи секогаш го давате својот максимум, помислата дека ќе бидете критикувани за нешто може и да ве парализира.

За да се ослободите од овој страв кој ви стои на патот до успехот, престанете да ја барате вашата вредност во мислењето на другите.

Нема на сите да им се допаѓа она што ќе го направите или кажете и, едноставно, треба да се помирите со тоа.

Девица – страв од неуспех

Бидејќи сте перфекционист, неретко за себе имате нереални очекувања.

И, кога сакате нешто да биде совршено, шансите да не успеете се многу поголеми.

А, ова е и вашиот најголем страв – дека нема да успеете.

Наместо да се прекорувате за секој неуспех, пробајте да научите некоја лекција и, секако, бидете пореалистични со вашите очекувања и желби.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg