Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете)
Вага – страв од конфликт
Вие сте најсмирената личност во зодијакот и ги избегнувате конфликтите по секоја цена, дури и ако треба да страдате.
Поради ова избегнување конфликти, никогаш не ги браните вашите ставови и потреби, па не можете да постигнете ништо што сакате.
Не заборавајте дека некогаш конфликтите се добри и неопходни за да успеете и бидете среќни.
Скорпија – страв од ранливост
Сите знаат дека Скорпиите се можеби најзатворениот хороскопски знак, па ретко кога некој знае што мислите или што чувствувате.
А, оваа затвореност е поради стравот да бидете ранливи, што создава можност некој да ве повреди.
Но, кога постојано се затворате, вие не можете да се поврзете ни со најблиските, а некогаш ви треба токму тоа за да бидете среќни, но и успешни.
Стрелец – страв дека ќе бидете заробени
Вие ја сакате вашата слобода и не би ја менувале за ништо.
Сепак, некогаш во животот мора да бидете постабилни ако сакате да успеете во нешто.
Некогаш мора да направите жртва, но и да сфатите дека само затоа што сте фокусирани на едно нешто, не значи дека сте заробени.
Јарец – страв од пораз
Како амбициозна личност, навечер честопати останувате будни плашејќи се дека нема да постигнете нешто.
За вас, поразот е најлошото нешто што може да ви се случи.
Но, поради овој страв, работите пренапорно и по некое време останувате без енергија.
Мора да сфатите дека многу полесно ќе го избегнете поразот ако повремено се грижите и за себе.
Водолија – страв дека ќе станете „обични“
Имате уникатен начин на размислување и го гледате светот од многу поразлична перспектива од другите.
И, свесни сте за оваа ваша уникатност, па затоа и се плашите дека еден ден ќе станете „обични“, како и сите други.
Ако постојано се трудите да се истакнувате над другите, само залудно ќе си ја трошите енергијата.
Сите ние сме различни и посебни на свој начин, а нема ништо лошо и во тоа што некогаш сме и „обични“.
Риби – страв од реалноста
Вие сакате да мечтаете и секогаш ви е поубаво во вашите соништа и мисли.
Па, соочувањето со реалноста е можеби вашиот најголем страв.
Наместо да се соочите со проблемите и предизвиците, поедноставно ви е да се излажете дека сè е во ред и да почнете да мечтаете.
Но, со ова не си правите услуга и само ги одолговлекувате проблемите кои не ви дозволуваат да бидете успешни и среќни.
Спирова С. | Црнобело