Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото)
- Детали
- понеделник, 25 декември 2023
Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата за старателство бидејќи ќерка им Норт сака да живее со раперот, ријалити ѕвездата продолжува да се фали со празничните декорации во нејзиниот огромен дом. По шумата со елки во куќата, сега таа покажа дека го претворила дворот во снежна бајка со вештачки снег.
Откако го претвори домот во шума со елки за празничната сезона, Ким Кардашијан покажа и како го украсила дворот.
И овој пат, ријалити ѕвездата се надминала себеси.
Со видео на Инстаграм, Ким уште еднаш ја покажа „шумата“ во куќата, но откри и дека дворот го претворила во снежна бајка.
Во саботата, (23.12) Ким сподели видео на Инстаграм Стори на кое се гледа огромниот двор од нејзината куќа прекриен со лажен снег.
„Украсувањето на дворот привршува. Ова е лудо. Изгледа како шума полна со новогодишни елки“, изјави ријалити ѕвездата во видеото.
„Ако излезете надвор, има снег насекаде и изгледа многу убаво“, додава Ким.
Во друго видео, Ким покажува и друг дел од дворот кој е украсен со многу елки, но и многу сијалички.
Сепак, во коментари се соочи со критики. Некои се шегуваа за нејзиниот монотон дом, додека други ја критикуваат дека троши премногу струја непотребно.
„Ова е кога имате премногу пари и не знаете што да правите со нив“.
„Домот сепак ти изгледа како болница или ментална институција“.
„Ким, душо, зошто не сакаш бои?“
„Во меѓувреме, има луѓе кои не можат да си дозволат да јадат, ниту да си ги загреат домовите“:
„Ким има убиено цела шума за овие декорации“.
Во меѓувреме, почнаа да се јавуваат шпекулации дека најстарата ќерка на Ким, Норт, сака да живее со татко ѝ Канје.
Ова, пак, би можело да биде причина да се променат правилата за старателството помеѓу Ким и раперот.
Истовремено, Канје тврди дека Норт морала да прави сцени по дома за Ким да ѝ дозволи да оди него.
Ким и самата има изјавено дека на Норт ѝ е поубаво кај татко ѝ.
„Ми вели дека татко ѝ е најдобар. Дека нема дадилка, нема готвач, нема обезбедување. Дека живее во стан. Па ќе почне да плаче и ќе ме праша зошто ние немаме стан“, изјави Ким во ријалити шоуто на Кардашијанс.
Па, веројатно и затоа го украсува домот толку многу – за да го привлече вниманието на Норт.
Прочитајте и: Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува по татко ѝ
Спирова С. | Црнобело