-->
-->


Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува по татко ѝ

Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со неа и откри дека сака повеќе време да поминува со татко ѝ кој нема дадилки и чувари, Ким Кардашијан реши да се надмине себеси и да донесе снежна шума во домот. Очигледно таа е подготвена да направи сѐ за да покаже дека може да биде забавен родител.

majka-si-e-majka-kim-kardashijan-napravi-snezhna-shuma-vo-domot-za-da-ja-izraduva-kjerkata-koja-taguva-po-tatko-i-01.jpg

Ким Кардашијан прави сѐ за во целост да ја долови божиќната магија и да ги израдува своите деца, а со оглед на тоа што во Лос Анџелес нема снег, таа одлучи да си направи шума во ходникот.

На својот Инстаграм профил Ким објави кратко видео од уредувањето на ходникот во нејзината палата вредна 60 милиони долари.

majka-si-e-majka-kim-kardashijan-napravi-snezhna-shuma-vo-domot-za-da-ja-izraduva-kjerkata-koja-taguva-po-tatko-i-02.jpg

Како што покажа, за да се стигне до дневната соба, каде што има украсена елка со златни сијалички, буквално треба да поминете низ шума со бели елки кои иако се големи, сепак изгледаат минијатурно заради високиот таван.

Наводно, Ким донела одлука да ја направи палатата позабавна за Божиќ, откако нејзината 10-годишна ќерка Норт се жалела дека е уморна од тоа да живее во огромна куќа каде постојано е опкружена од чувари и дадилки, па сака повеќе време да поминува со татко ѝ кој живее многу поскромно.

Во една од епизодите на реалното шоу, Ким сподели еден од разговорите што ги имала со ќерка ѝ, па кажа што најчесто ѝ вели Норт:

„Тато е најдобар. Тој знае што треба да се прави. Кај него нема дадилки, нема готвач, нема обезбедување. Тој живее во стан. Зошто ние немаме стан? Не можам да верувам дека немаме стан“.

majka-si-e-majka-kim-kardashijan-napravi-snezhna-shuma-vo-domot-za-da-ja-izraduva-kjerkata-koja-taguva-po-tatko-i-03.jpg

Но, се гледа дека Ким дала сѐ од себе за на своите деца да им приреди незаборавен Божиќ, па ако нема снег надвор, тогаш снегот ќе дојде во нивниот дом.

На видеото што го сподели на заедничкиот ТикТок профил се гледа како Норт скока и танцува облечена во божиќен џемпер.

majka-si-e-majka-kim-kardashijan-napravi-snezhna-shuma-vo-domot-za-da-ja-izraduva-kjerkata-koja-taguva-po-tatko-i-04.jpg

Погледнете го видеото на ТикТок:

https://www.tiktok.com/@kimandnorth/video/7310707339139599659

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg