Таско доби ќерка – На девојчето му дадоа традиционално македонско име
- Детали
- четврток, 26 септември 2024
Само три месеци откако го прославија роденденот на синот, музичарот Христијан Тасковски - Таско и неговата сопруга Наташа добија ќерка, а ѝ дадоа традиционално македонско име. Раперот ги објави убавите вести на Инстаграм Стори.
Само неколку денови откако на Инстаграм ги објави фотките од трудничката фотосесија, на неговата сопруга и синот Лукијан, Таско откри дека нивното семејство станало поголемо за еден член, а на свет дошла ќерката Кирјана.
„Добредојде Кирјана“ – напиша тој на Инстаграм Стори.
Инаку, Таско и Наташа во јуни годинава го прославија првиот роденден на синот Лукијан.
Тие претходно, во април годинава, открија дека ќе станат родители на девојче, а пред два дена објавија фотки од трудничката фотосесија на Наташа.
„Сите имаме моќ да го обликуваме нашето наследство со тоа што ќе живееме со намера, добрина и цел. Секоја одлука, секој чин на сочувство и секоја мудрост што ја даваме на другите го гради тој траен отпечаток.
Тоа што го правиме денес ќе одекнува во срцата и умовите на оние што доаѓаат по нас. Тоа е потсетник дека нашите животи не се само наши; тие се дел од нешто поголемо.
Живејте на начин што вашето наследство ќе зборува за најдоброто од вас и ќе ги инспирира другите да го направат истото“ – напиша тој до фотките
View this post on Instagram
Погледнете ги фотките од фотосесијата:
Прочитајте и Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“
Б. С. Б. | Црнобело