Адел објави емотивни разговори со синот (9) за разводот: „Зошто веќе не го сакаш татко ми?“

Адел во новата хип-хоп песна ги пее стиховите: „Жалам што направив грешки поради кои си тажен“, а по ова следи аудиоснимка од разговорите со синот Анџело (9), во кои тој ја теши, иако е збунет од тоа што не живеат заедно со татко му.

adel-objavi-emotivni-razgovori-so-sinot-za-razvodot-zoshto-vekje-ne-go-sakash-tatko-mi-01.jpg

Интимни разговори помеѓу Адел (33) и нејзиниот 9-годишен син Анџело кого го доби во бракот со Сајмон Конеки (47) ќе бидат вклучени во песната My Little Love во новиот албум насловен 30 што ќе биде објавен на 19-ти ноември годинава.

Аудиоснимките што се вклучени во песната се од разговорите што Адел ги водела со нејзиниот син за време на разводот со Сајмон, а во нив може да се слушне како малиот Анџело ја теши мајка си во најтешкиот период во нејзиниот живот.

adel-vo-pesna-objavi-snimki-od-razgovorite-so-sinot-9-go-sakam-tatko-ti-zatoa-shto-mi-te-dade-tebe-02.jpg

Адел во песната ги пее стиховите: „Жалам што направив грешки поради кои си тажен“, а по ова следи аудиоснимка од разговорите со Анџело.

„Кажи ми дека ме сакаш“ – вели Адел, а синот одговара:
„Те сакам милион отсто. Знам дека и ти ме сакаш.“

„Знаеш дека мама не сака никој друг како што те сака тебе. Нели?“ – вели таа и додава:
„Мама се бори со многу силни чувства во последно време. Збунета сум и не знам што правам...“

adel-vo-pesna-objavi-snimki-od-razgovorite-so-sinot-9-go-sakam-tatko-ti-zatoa-shto-mi-te-dade-tebe-03.jpg

Во друга аудиоснимка Адел му вели на малиот Анџело:

„Го сакам татко ти, затоа што тој ми те даде тебе“.

adel-vo-pesna-objavi-snimki-od-razgovorite-so-sinot-9-go-sakam-tatko-ti-zatoa-shto-mi-te-dade-tebe-04.jpg

Според најавите My little Love е хип-хоп песна и е досега најексперименталната песна на Адел. Светски познатата пејачка се разведе со Сајмон Конеки во 2019-та година по две години брак.

Таа веќе во неколку наврати говореше дека разводот ѝ бил главна инспирација за да ги напише дванаесетте песни што се опфатени на новиот албум.

adel-vo-pesna-objavi-snimki-od-razgovorite-so-sinot-9-go-sakam-tatko-ti-zatoa-shto-mi-te-dade-tebe-05.jpg

Адел во интервју за Vogue веќе говореше за тоа како нејзиниот син го прифатил разводот со неговиот татко, па велеше дека поставувал прашања од типот:

„'Зошто не можеме да живееме заедно?', ‘Луѓето не прават така кога ќе се разведат’ – му велам. 'Но, зошто?' А, јас, едноставно не знам што да му кажам. Така не е вообичаено во општеството.
‘Зошто не го сакаш повеќе татко ми?’ – а јас ќе му одговорам: ‘Го сакам татко ти, само не сум вљубена’. Не знам како да му го објаснам тоа на 9-годишно дете.“

adel-vo-pesna-objavi-snimki-od-razgovorite-so-sinot-9-go-sakam-tatko-ti-zatoa-shto-mi-te-dade-tebe-06.jpg

Во пресрет на објавувањето на новиот албум Адел објави и фотографии на Инстаграм на кои се гледа како се забавува по повод нејзиниот најнов проект во краток мини фустан.

„Коктели и плачење насекаде“ – напиша таа до фотографиите.

Прочитајте и Адел се отвори кај Опра: „Престанав да пијам бидејќи алкохолот го уништи татко ми, срам ми е што бракот ми се распадна“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg