Кортни му танцува во скут, Ким му подари Ролекс – како Кардашијан семејството му слави роденден на Тревис?
- Детали
- понеделник, 15 ноември 2021
Тревис Баркер вели дека се чувствува благословено поради третманот што го добил од Кортни и нејзиното семејство за неговиот 46-ти роденден што го прослави викендов. Претходно, Тревис и Кортни беа на венчавка каде што привлекуваа најмногу внимание поради провокативното танцување и споделувањето нежности.
На 14-ти ноември Тревис Баркер го прослави 46-тиот роденден, а Кортни му честита со неколку објави на Инстаграм.
Ријалити ѕвездата објави неколку фотки со Тревис на кои се држат за рака.
„Те сакам повеќе од сè. Ти си ми омиленото нешто. Среќен роденден!“ – стои во описот.
Кортни сподели и неколку фотки на Инстаграм Стори, каде што вели дека е благодарна за денот кога се родил Тревис.
Тапанарот, пак, сподели црно-бела фотографија, а во описот вели дека се чувствува благословено.
Тревис го покажа и луксузниот подарок што го добил од Крис Џенер, нејзиното момче Кори и Ким Кардашијан – Ролекс часовник со череп.
Една вечер претходно, вљубените Кортни и Тревис присуствуваа на венчавка на нивен пријател. Од фотките споделени од прославата се гледа дека Кортни и Тревис не ги тргале рацете еден од друг и дефинитивно привлекувале најмногу внимание.
На некои фотографии Кортни дури и му танцува провокативно на Тревис пред сите присутни. Наводно, Кортни му танцувала по полноќ, односно провокативниот танц бил по повод роденденот на Тревис.
Пред забавата ријалити ѕвездата сподели неколку фотки со Тревис, каде што тапанарот ѝ остави коментар: „Следно нам ни е редот“.
Тревис ја побара раката на Кортни во октомври годинава, со романтично запросување и дијамантски прстен кој се проценува дека вреди повеќе од 1 милион долари.
Парот уште нема откриено дали и кога планираат да прават свадба, но јасно е дека се лудо вљубени еден во друг и наскоро можеме да ја очекуваме.
Кортни и Тревис на венчавка:
Спирова С. | Црнобело