Тревис ја запроси Кортни Кардашијан со огромен дијамантски прстен по неполна година врска – на плажа, со куп рози
- Детали
- понеделник, 18 октомври 2021
По помалку од една година заедно, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се верија. Тапанарот организирал романтично запросување на плажа во Калифорнија, а ја побарал раката на Кортни со голем дијамантски прстен.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се верија по помалку од една година заедно. Тревис ја побарал раката на Кортни на плажа во Калифорнија, а набрзо потоа и двајцата ги споделија новостите на Инстаграм.
Кортни сподели две фотки од запросувањето на плажа, со опис „Засекогаш“. На фотографиите 42-годишната Кортни и 45-годишниот тапанар стојат среде огромно срце направено од рози.
Ќерката на Тревис, Алабама, сподели и фотка од огромниот дијамантски веренички прстен.
И Ким Кардашијан му честиташе на парот со видео од нив двајцата.
Според изворите, Кортни не очекувала запросување, па била вистински изненадена. Парот веднаш потоа направил и забава за запросувањето на која присуствувале нивните семејства.
„Тревис ја однесе Кортни на плажата, каде што имаше наместено рози во форма на срце. Изгледаше многу романтично. Можев да ја видам широката насмевката лицето на Кортни и мигот кога си го покри лицето со рацете бидејќи беше изненадена“, вели извор за E!.
Тревис и Кортни биле пријатели со години, пред да почнат да се гледаат кон крајот на 2020 година. Јавноста дозна за нив околу Денот на вљубените годинава и уште оттогаш постојат шпекулации дека планираат да стапат во брак.
„Двајцата немале почувствувано ваква љубов. Кортни е пресреќна. Тревис ја обожава и ја третира многу добро. Многу е поразлично од сите претходни врски на Кортни“, велат извори блиски до парот.
Наводно, целото семејство на Кортни вистински го сака Тревис, па сите биле пресреќни за нив.
За Тревис ова ќе биде трет брак, а за Кортни прв. Кортни беше во сериозна врска со Скот Дисик со кого има три деца.
Наводно, тие планирале да се венчаат, но мајката на Кортни, Крис Џенер, ѝ рекла да не брза. Подоцна Скот ја побарал и за жена, но Кортни одбила.
Со текот на времето, тие се разделија и сега заедно се грижат за нивните деца.
Тревис има две деца со претходната сопруга Шана Моаклер, а наводно и Тревис и Кортни едвај чекаат да ги спојат нивните семејства.
Спирова С. | Црнобело