Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога

Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач на продуцентска куќа за филмови за возрасни.

osnovach-na-brend-za-vozrasni-zavisnik-od-droga-najkontroverznite-vrski-na-kardashijans-shto-sigurno-ste-gi-zaboravile-01.jpg

Низ годините, Кардашијанс имале бројни врски, од кои повеќето скандалозни.

Всушност, тие и станаа славни благодарение на врската, односно секс-снимката на Ким со нејзин бивш дечко.

Дел од најбурните врски на Кардашијанс:

Ким Кардашијан и Реј Џеј

Реј Џеј е дечкото што, на некој начин, ја направи Ким Кардашијан славна.

Тие беа заедно од 2003-та до 2006-та, а следната година во јавност протече нивната секс-снимка.

Не се познати многу детали за нивната врска и Реј Џеј се држеше настрана од јавност среде скандалот со снимката.

Нo, во 2022-ра излезе со тврдење дека Ким и мајка ѝ намерно го пуштиле видеото во јавност за да ја прослават ријалити ѕвездата.

osnovach-na-brend-za-vozrasni-zavisnik-od-droga-najkontroverznite-vrski-na-kardashijans-02.jpg

Кортни Кардашијан и Џо Френсис

Пред врската со Скот Дисик, Кортни Кардашијан имаше кратка афера со Џо Френсис кој е основач на „бренд за возрасни“, односно продукциска куќа која прави и порно филмови.

Тие се гледале додека Џо бил во врска со ќерката на пејачот Род Стјуард, а самиот тврди дека тој ја запознал Кортни со Скот Дисик.

osnovach-na-brend-za-vozrasni-zavisnik-od-droga-najkontroverznite-vrski-na-kardashijans-03.jpg

Ламар Одом и Клои Кардашијан

Додека беа заедно, Клои и Ламар имаа и свое ријалити шоу кое се емитуваше две сезони. Тие се венчаа во 2009 година, само неколку недели откако се запознаа.

Се разделија во 2013 година, поради проблемите со зависност на Ламар, но и неговите неверства.

Финализирањето на разводот потраја неколку години.

Во 2015-та, Ламар беше пронајден без свест во јавна куќа, откако се предозирал со алкохол, кокаин и лекови како вијагра.

Тогаш Клои јавно го одбрани, а го финализираa разводот следната година, откако Ламар си го среди животот.

osnovach-na-brend-za-vozrasni-zavisnik-od-droga-najkontroverznite-vrski-na-kardashijans-04.jpg

Роб Кардашијан и Рита Ора

Роб Кардашијан и Рита Ора беа пар во 2012 година, пред пејачката да стане светски позната.

Нивната врска траеше кратко, а кога во 2020-та Рита беше прашана за Роб, таа изјави дека не се ни сеќавала на него.

Роб, пак, ја „оцрни“ Rита на Твитер и ја обвини за неверство:

„Како може жена која е толку зафатена со нејзината кариера, да има време да спие со безброј разни мажи додека е во врска?“

osnovach-na-brend-za-vozrasni-zavisnik-od-droga-najkontroverznite-vrski-na-kardashijans-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg