Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога
Блек Чајна и Роб Кардашијан
По разделбата, Блек Чајна и Роб допреа до суд.
Тие ја почнаа врската во 2016 година и уште тогаш беа контроверзен пар.
Имено, Блек Чајна имаше дете со Тајга, кој тогаш ѝ беше дечко на Кајли Џенер.
Кратко откако ја почнаа врската, Роб и Блек Чајна добија дете, но потоа се разделија.
И, Блек Чајна им објави војна на Кардашијанс и им бараше 100 милиони долари бидејќи ѝ ја уништиле репутацијата.
На крај, таа го изгуби спорот.
Кортни Кардашијан и Јунес Бенџима
Кортни и боксерот Јунес се запознале во Париз, во периодот кога Ким Кардашијан беше ограбена.
Беа заедно две години, а се разделија во 2018-та. Наводно, причината била неверство од страна на боксерот.
Откако се разделија, пак, Јунес остави и погрден коментар на објава на Кортни.
На Инстаграм фотката, Кортни позира во бикини, боксерот ѝ напиша:
„Треба ли да си го покажуваш телото за лајкови?“
Набрзо потоа, го избриша коментарот.
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон
Врската на Ким и Пит беше изненадување најмногу поради 13-годишната возрасна разлика меѓу нив.
Притоа, поранешниот сопруг на Ким – Канје – ја користеше секоја можност за јавно да го понижува Пит.
Тие беа заедно околу една година и се разделија, наводно бидејќи немале време еден за друг.
Ким Кардашијан и Крис Хемфрис
Ким Кардашијан може да се пофали со еден од најкратките бракови во светот на шоу-бизнисот.
Таа и Крис се венчаа во 2011 година, а се разделија само 72 дена подоцна.
Поради ова, многумина мислеа дека бракот бил само за да се зголеми гледаноста на реалното шоу, иако Ким го негираше ова.
Спирова С. | Црнобело