Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молитва забременив“
- Детали
- вторник, 28 мај 2024
„Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење јајце клетки) телото ми се опушти и почнав да верувам во божјиот план“ – искрено напиша Кортни Кардашијан, откако една нејзина следбеничка ѝ побара совет како да се носи со борбата за потомство.
Најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни, беше целосно искрена за нејзиниот тежок пат до заедничкото синче со сопругот Тревис Баркер, Роки 13.
Таа досега повеќепати отворено зборувала за безуспешните обиди со вонтелесно оплодување, за алтернативните методи што ги испроба, а сега во одговор за обожавателка накратко појасни низ што поминала и што ѝ помогнало.
Една од нејзините обожавателки на Инстаграм ја прашала како нашла сила да издржи и да ја продолжи борбата за потомство, затоа што и самата имала 6 неуспешни обиди за ин витро и се чувствува исцрпено.
Кортни својот одговор го сподели јавно на Инстаграм Стори и опиша низ што сѐ поминувала.
„Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин витра, 3 процедури за вадење јајце клетки), телото ми се опушти и почнав да верувам во божјиот план за мојот живот.
Многу се молев за да го добијам тоа што ни е речено.
Исто така, многу се посветив на подобрување на здравствената состојба.
Знам дека е тешко да се чувствуваш како да не се обидуваш, но вербата во божјиот план и молитвата се моќни.
Ти посакувам сѐ најдобро“ – напиша таа.
Инаку, Кортни го роди синчето Роки на 47 години, во ноември 2023-та.
Таа и нејзиниот сопруг Тревис отворено зборуваа за обидите за забременување, а особено внимание привлекуваа и со алтернативните методи што ги практикуваа.
Така, таа во една од епизодите на ријалити шоуто рече дека лекарот ѝ препорачал да пие семена течност најмалку 4 пати неделно.
Во декември 2022-ра година, парот соопшти дека престанале со обидите за вонтелесно оплодување и дека ќе се обидат да забременат по природен пат.
Само 10 месеци подоцна, на концерт на бендот на Тревис, Blink 182, Кортни соопшти дека е бремена.
Кортни имаше операција на фетусот, а во септември минатата година го добија синот Роки 13.
Б. С. Б. | Црнобело