Кортни Кардашијан со итна, ризична операција на нероденото бебе: „По 3 лесни бремености, не очекував операција на фетусот“
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Како личност која имала три лесни бремености во минатото, не бев подготвена за стравот од итната операција на фетусот. Имам потполно ново разбирање и почит за мајките кои морале да се борат за нивните бебиња додека биле бремени“, пишува Кортни Кардашијан на Инстаграм во објава со која откри дека постоел ризик да го изгуби бебето.
Во саботата (02.09) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беа фотографирани како излегуваат од болница.
Еден ден претходно, Тревис, кој беше на европска турнеја со својот бенд Blink-182, изјави дека поради итен семеен проблем морал да се врати дома и дека некои концерти ќе бидат одложени.
На папарацо фотките и Кортни и Тревис изгледаат навистина загрижено, а ријалити ѕвездата дури сега откри што всушснот се случило.
Со емотивна објава на Инстаграм, Кортни сподели дека му била направена операција на нивното неродено бебе.
На фотката се гледаат само дланките на Кортни и Тревис.
„Засекогаш ќе им бидам благодарна на моите неверојатни лекари, бидејќи го спасија животот на нашето бебе.
Вечно ќе му бидам благодарна на мојот сопруг кој дојде од турнејата за да биде со мене во болницата и за да се грижи за мене потоа, тој е мојата карпа.
И до мајка ми – ти благодарам што ме држеше за рака низ сето ова.
Како личност која имала три лесни бремености во минатото, не бев подготвена за стравот од итната операција на фетусот. Мислам дека оној кој не бил во слична ситуација не може ни да го разбере чувството на страв.
Имам потполно ново разбирање и почит за мајките кои морале да се борат за нивните бебиња додека биле бремени.
Му благодарам на Бог. Излегувањето од болницата со моето момче безбедно во стомакот беше вистински благослов“, пишува во објавата.
Вчера (06.09), и Тревис прозборе за операцијата со објава на Твитер:
„Бог е голем. Отидов дома за опасна итна операција за нашето бебе и благодарна сум што помина добро. Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Турнејата продолжува во петок“.
Кортни и Тревис, кои се венчаа минатата година, ги споделија новостите за бременоста во јуни.
Тогаш Кортни се појави на концерт на сопругот, со транспарент на кој пишуваше „Тревис бремена сум“. Таа нема откриено во кој месец од бременоста е, но според некои извори, најверојатно ќе се породи во октомври или ноември.
Само една година претходно, Кортни и Тревис престанаа да се обидуваат да добијат дете со асистирано оплодување, бидејќи неуспешните обиди ѝ предизвикале проблеми со здравје на ријалити ѕвездата, како и депресија.
Кортни има три деца со поранешниот вереник Скот Дисик – Мејсон (13), Пенелопе (11) и Рејн (8).
Тревис, пак, има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер – 19-годишниот Лендон и 17-годишната Алабама.
Спирова С. | Црнобело