Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна затвор (видео)
- Детали
- среда, 19 февруари 2025
Откако беше прогласен за невин за вооружен напад од 2021-ва, Ејсап Роки истрча кон Ријана и скокна, па падна врз неа за да ја прегрне. По судењето, парот беше забележан пред ресторан за брза храна.
Дечкото на Ријана, Ејсап Роки, беше прогласен за невин за инцидент со огнено оружје од 2021-ва, со што избегна 24-годишна затворска казна.
Видеото од моментот кога му ја кажуваат пресудата веќе е вирално.
Во мигот кога слуша дека е прогласен за невин, Ејсап Роки почнува да трча кон Ријана која седи во клупа зад него.
Раперот буквално скока и паѓа врз неа, па силно се прегрнуваат.
„Ви благодарам на сите што ми го спасивте животот“, ѝ се обрати раперот на поротата во судницата.
Судењето на Ејсап Роки траеше три недели, а тој беше обвинет дека со оружје нападнал негов поранешен пријател – Терел Ефрон, познат и како Ејсап Рели.
Пријателството на раперот и Терел започнало уште во средно училиште, кога имале своја хип-хоп група позната како ASAP Mob.
Но, штом Ејсап Роки почна да се прославува како соло артист, групата се распаднала и неговиот однос со Терел се влошил.
Во ноември 2021 година во Холивуд, тие почнале караница, а Роки беше обвинет дека извадил огнено оружје и двапати истрелал кон Терел.
Кога беше уапсен, Роки тврдеше дека оружјето што го носел не било вистинско.
На почетокот, на Роки му била понудена спогодба – ако го признае делото, да добие 180 дена во затвор, а потоа и тригодишна условна казна.
Сепак, неговиот адвокат изјави дека тој ја одбил понудата бидејќи бил невин.
Адвокатот додаде и дека Роки носел лажно оружје бидејќи тој период некој маж го следел.
Обезбедувањето го советувало да носи лажно оружје, во случај да треба да го заплаши.
Според американските медиуми, доколку Роки беше прогласен за виновен, би можел да добие и до 24 години зад решетки поради неговото криминално минато.
Претходно, во 2019-та, тој беше осуден за напад во Шведска, а во 2006 година поминал и две недели во затвор.
По апсењето за инцидентот од 2021-ва, раперот беше ослободен откако плати кауција и се бранеше од слобода.
Ријана го придружуваше саканиот во судница неколкупати, а по прогласувањето на пресудата, парот беше забележан пред ресторан за брза храна.
Пејачката и за првпат се огласи за судењето на раперот:
„Славата му припаѓа на Бог и само на Бог. Благодарна сум за неговата милост“, напиша таа на Инстаграм Стори.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





