Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео)
- Детали
- четврток, 12 септември 2024
Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го прекина снимањето на својот најнов спот за да спаси жена која сакала да се самоубие, и уште еднаш покажа дека има срце од злато.
Рок ѕвездата Џон Бон Џови со години наназад го привлекува вниманието со тоа што се труди на секој начин да им помогне на луѓето на кои егзистенцијата им е загрозена, а сега успеа буквално да ѝ го спаси животот на жена која стоела на раб на мост.
Во вторникот (10.09) Џон Бон Џови сакал да сними видеоспот за својата најнова песна, но на социјалните мрежи стана хит заради својот несебичен хуман чин, кој исто така беше уловен од камерите.
Како што може да се види во видеото споделено од страна на полицијата во Нешвил, Џон Бон Џови ја забележал жената која сакала да си го одземе животот, и стоела на работ на мостот Seigenthaler, каде што тој во моментот снимал нов музички спот.
Рокерот заедно со својата асистентка ѝ пришол на жената и успеал да ја прегрне и да ја префрли на безбедната страна од мостот.
„Големо браво за Џон Бон Џови и за неговиот тим кои успеаја да ѝ помогнат на жената во Нешвил која сакаше да скокне од мост“ – се вели во описот до објавата.
This is the moment Rock legend Jon Bon Jovi rescues a woman from stepping off the edge of a bridge in Nashville
pic.twitter.com/oSAlDrC0cr-->— Science girl (@gunsnrosesgirl3) September 12, 2024
NEW: Singer Jon Bon Jovi saves a woman from jumping off a bridge in Nashville, Tennessee while filming a music video.
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 11, 2024
Good man.
Bon Jovi was seen approaching a 62-year-old woman on the John Seigenthaler Pedestrian Bridge.
The musician leaned over the railing before… pic.twitter.com/msyGSU3hQW
Инаку, рокерот е познат по своите хумани дела. Тој со децении наназад е сопственик на народна кујна во неговиот роден град Њу Џерси каде што им се служи бесплатна храна на бездомниците и на лицата во социјален ризик.
Идејата била на неговата сопруга Доротеа Харли, а во кујната JBJ Soul Kitchen се служи храна од производи кои сопствениците сами ги одгледуваат, а на менито нема цени.
Тие што сакаат да се вклучат во хуманата акција на музичарот може да нарачаат порција храна и да донираат околу 50 долари, со цел да им се помогне на оние коишто не можат да си дозволат топол оброк.
Освен што е сопственик на народните кујни, Бон Џови често знае да волонтира и да служи храна на присутните со цел да собере што е можно повеќе хуманитарни прилози.
Неслучајно тој важи за една од најхуманите славни личности кои имаат срце од злато, и се трудат да им помогнат на оние што немале среќа во животот.
Б. С. Б. | Црнобело