Вагинална пареа, пиење семена течност – Кортни и Тревис со „бизарни“ методи за забременување, по неуспешното ин-витро (фото)
- Детали
- четврток, 26 мај 2022
Вагинална пареа, која според многумина е опасен третман, пиење семена течност, купка со вода со ѓумбир – ова се само дел од алтернативните третмани низ кои Кортни Кардашијан помина за да добие здрави јајце-клетки.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер неодамна стапија во брак, а парот очајно се обидува заедно да го добие и првото дете. По неуспешниот обид за вонтелесно оплодување, тие двајца решија да се обидат со алтернативни методи.
Во последните епизоди на реалното шоу The Kardashians гледачите имаат можност да ја проследат борбата на Тревис и Кортни Баркер со неплодноста и обидите да зачнат со помош на вонтелесно оплодување, но и со помош на алтернативна медицина.
Според лекарите, проблемот со зачнувањето настанал откако не можеле од Кортни да извадат здрави јајце-клетки, па заради ова парот одлучи да се обиде да направи „Панчакарма“ прочистување со цел да им се зголемат можностите за добивање на здрав ембрион.
Кортни имаше серија терапии за детоксикација, нега и подмладување на умот, телото и духот, за кои велат дека се стари околу 3.000 години.
„Ова ќе направи да се прочистат нашите тела од сите токсини што се навлезени длабоко со цел да имаме поквалитетни јајце-клетки. Ова е една метода што досега не сме ја пробале“ – појасни Кортни.
Ријалити ѕвездата имаше третман со „јони-пареа“ или вагинална пареа, за време на кој седеше гола врз сад во кој има врела вода со билки, а според повеќе медицински лица овој третман може да биде опасен и да нанесе поголема штета, особено доколку жената е веќе бремена.
Таа исто така доби и терапија на стапалата со вода со ѓумбир што наводно треба да ја „затопли матката“.
Таа појасни дека пред да започне со третманот, парот требало една недела да се воздржи од секс, кафе, алкохол, шеќери и вежби, а Тревис рече дека иако му недостасувало секс и вежбање, тој бил подготвен да направи сѐ за неговата нова сопруга да биде среќна.
„Мошне сум среќна што Тревис го прави ова заедно со мене. Не верувам дека ќе можев сама да поминам низ ова. Сметам дека ова е нешто што мора да го направиме заедно, заедно правиме бебе“ – рече таа.
Во емисијата таа откри дека останала шокирана откако на последната посета кај лекарот тој ѝ рекол дека нејзиниот сопруг има мошне квалитетна семена течност и дека треба четирипати неделно да пие од неа.
Освен Кортни, и Тревис учествуваше во бизарните третмани, па така во една од сцените му беше ставена кафеава капа на главата, а го премачкаа и со специјални масла за опуштање.
Прочитајте и Кортни Кардашијан: „Сите велат дека сум дебела, а не знаат низ што минувам за да добијам дете“
Б. С. Б. | Црнобело