Кортни Кардашијан: „Сите велат дека сум дебела, а не знаат низ што минувам за да добијам дете“
- Детали
- четврток, 05 мај 2022
„Сите на социјалните мрежи повторуваат ‘Кортни е бремена, Кортни се здебелила.’ Навистина не е во ред да коментирате за луѓето кога не знаете низ што поминуваат“ – вели таа.
Новото реално шоу на семејството Кардашијан ја следи борбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер да го добијат првото заедничко бебе. Во новите епизоди, нивните обожаватели може да видат како се обидуваат да станат родители по пат на ин-витро оплодување.
Кортни Кардашијан (43) и Тревис Баркер (46) само неколку дена по романтичното запросување отпатувале во Сан Диего за да се сретнат со нов доктор за да видат кои им се можностите за да станат родители, но и за да извадат здрави јајце-клетки.
Целиот настан е документиран во новата епизода од реалното шоу Keeping Up With The Kardashians, а во неа обожавателите имаат можност да видат низ што поминува парот за да добие потомство.
Откако лекарите најдоа здрави фоликули во јајчниците на Кортни, парот вели дека има надеж дека конечно ќе го добијат првото заедничко дете.
Имено, лекарите утврдија дека таа има само една здрава фоликула во едниот јајчник од која според нив може да добијат повеќе бебиња.
„Фактот што воопшто имаме здрава фоликула ми дава надеж“ – вели таа и појаснува дека лекарите ќе се обидат да направат сѐ за да ѝ помогнат.
„Мошне сме возбудени. Навистина сме среќни. Семејството е сѐ. Ако успееме да направиме нешто заедно, тоа ќе биде неверојатно“ – вели видно возбудениот Тревис.
Сепак, шоуто следи интересен момент откако сестрата ги упати да го обезбедат примерокот од сперма од Тревис.
Тие ја прашаа медицинската сестра дали треба да следат некои конкретни правила, на што таа им одговара дека не смее да има други телесни течности во примерокот.
„Значи не смее да има, нешто како плунка, или слично?“ – прашува Кортни, по што сестрата остана целосно засрамена.
Парот го започна процесот за оплодување, а според она што го кажаа, ќе бидат потребни околу шест дена за да се креира ембрион.
„Имаме само едно здраво јајце и тоа е во божји раце“ – вели Кортни за крај на шоуто.
Инаку, во претходните епизоди Кортни говореше за тоа колку лошо се справува со целиот процес на вештачко оплодување.
„Тревис и јас сакаме да имаме бебе и мојот лекар препорача ин-витро оплодување, но тоа не е највозбудливото искуство“ – рече таа и додаде дека лековите ѝ предизвикуваат депресија и не верува дека ѝ помагаат.
Таа вели дека досега на социјалните медиуми видела толку многу шпекулации дека е бремена и поради тоа се чувствува ужасно затоа што никој не знае низ што поминува за да остане бремена.
„Сите на социјалните мрежи повторуваат ‘Кортни е бремена, Кортни се здебелила.’ Навистина не е во ред да коментирате за луѓето кога не знаете низ што поминуваат“ – вели таа.
Инаку Кортни Кардашијан веќе има три деца од врската со Скот Дисик, синовите Мејсон и Рејн, како и ќерката Пенелопи, а Тревис има две деца од бракот со Шана Моклер, синот Ландон и ќерката Алабама, а исто така се грижи и за ќерката од првиот брак на неговата сопруга Атиана Де Ла Хоја.
Прочитајте и Кортни во мини фустан го откри целулитот, Бруклин ѝ го држи фустанот на сопругата – Ѕвездите на забавата по Мет Гала 2022 (фото)
Б. С. Б. | Црнобело