Кортни во мини фустан го откри целулитот, Бруклин ѝ го држи фустанот на сопругата – Ѕвездите на забавата по Мет Гала 2022 (фото)
- Детали
- вторник, 03 мај 2022
Кортни Кардашијан носеше краток фустан и го покажа целулитот, Хејли Бибер се појави во кратки пантолони и градник, а на забавата беше сама без сопругот. Како изгледаа славните на забавата што се одржа по Мет Галата?
Најголемиот моден настан каде се собраа голем број познати личности, Мет Гала, секако беше проследен и со добра забава по официјалниот дел.
Дел од присутните одлучија да го променат аутфитот за забавата и да се појават во нови изданија, а доминираа кратките и проѕирни тоалети кои многу малку оставија на имагинацијата.
Блејк Лајвли која на Мет Гала 2022 остави најголем впечаток со фустанот од Versace што се трансформира, на забавата се појави во црвен мини фустан.
Кортни Кардашијан исто така носеше краток фустан, кој не успеа да го покрие целулитот на нозете.
Кои други ѕвезди присуствуваа на забавата по Мет Гала погледнете во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело