Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото)
- Детали
- вторник, 07 мај 2024
Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора, Крис Хемсфорт, кој беше еден од домаќините на Мет гала 2024, не ја испушташе од рака саканата, а милијардерот Џеф Безос ѝ се придружи на свршеницата откако таа самата го привлече вниманието со впечатливиот фустан со скршени парчиња огледало.
Еден од најголемите модни настани секоја година, Мет гала, и овој пат беше вистинско уживање.
На бело-зелениот килим се појавија најголемите ѕвезди од светот на модата, филмот, музиката, познати дизајнери, но и светски инфлуенсери кои оставаа без здив со своите модни изданија.
Темата за Мет гала 2024, „Градина на времето“, ја следеа и познатите парови.
Некои имаа аутфити кои целосно се дополнуваа еден со друг, а некои мажи избраа класични смокинзи и на своите поубави половини им дозволија да заблескаат.
Па така, британскиот актер, оскаровецот Еди Редмејн, носеше ист фустан како сопругата, а комплементарни аутфити во смарагдно зелена боја имаа и режисерот Баз Лурман со сопругата.