Ким Кардашијан во фустан на Мерилин Монро од 5 милиони долари – најдобро облечените ѕвезди на Мет Гала 2022 (фото)
Блејк Лајвли со фустанот што се трансформира, но и Ким Кардашијан со фустанот на Мерилин Монро кој чини 5 милиони долари и за кој ослабела 7kg за да влезе во него, беа можеби најдобро облечените ѕвезди на овогодишното издание на Мет Галата. Кендал Џенер пак, се појави во смело издание со голи гради, а Кара Делевињ го обои телото во златно.
Мет Галата е еден од најочекуваните настани од светот на шоу-бизнисот и наликува на модна писта каде што познатите личности се појавуваат во најдобрите изданија.
Секоја година има тема според која познатите треба да ја одберат нивната креација за Мет Галата. Годинава темата беше „позлатен гламур“ (gilded glamour), а повеќето ѕвезди одлично си ја завршиле работата со нивните комбинации.
Како и секогаш, Ким Кардашијан привлече можеби најмногу внимание со легендарниот фустан на Мерилин Монро. Со Ким беше и нејзиното ново момче – Пит Дејвидсон – кој носеше обичен црн костум.
Мерилин го носеше фустанот кога му ја отпеа Happy Birthday на претседателот Џон Ф. Кенеди во далечната 1962 година. Фустанот, кој стана култен, денес чини вртоглави 5 милиони долари.
Во одлична комбинација се појави и Блејк Лајвли. Актерката носеше гламурозен фустан со впечатлив дезен и огромна панделка на половината. Фустанот на Блејк се трансформираше во уште повпечатлива креација откако ја одврза панделката.
Блејк сподели дека инспирацијата за фустанот дошла од архитектурата и класичните градби во Њујорк.
Кендал Џенер носеше раскошно црно здолниште кое се влечеше по земја во комбинација со проѕирен кроп-топ украсен со цветови. Можеби најмногу внимание привлекоа нејзините светли, речиси невидливи веѓи.
И сестра ѝ Клои изгледаше одлично со долг златен фустан со реси, во комбинација со црна наметка и црни ракавици.
Хејли Бибер беше облечена во бело со долг свилен фустан и голема наметка со реси, а Кара Делавињ ја носеше можеби најсмелата комбинација.
Моделот носеше црвени сатенски панталони и наместо блуза, носеше само лепенки што ѝ ги покриваа градите. Телото, пак, ѝ беше обоено со златна боја.
Доста внимание привлече и Карди Би со златен фустан украсен со бројни детали како скапоцени камења. Пејачката носеше и раскошен ѓердан и сличен украс на рацете.
И Алиша Кис изгледаше беспрекорно со долг сребрен фустан и црна наметка со дезен инспириран од бројните облакодери во Њујорк.
Дел од најдобро облечените ѕвезди на овогодишната Мет Гала:
Спирова С. | Црнобело