Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите
-->
Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Мет гала во фустан што далечната 1962 година го носеше Мерилин Монро, ги сврте сите погледи кон себе. Кои други денешни ѕвезди го ископирале стајлингот на познатите од минатото?
Облеката од минатото и старите стилови секогаш се враќаат во мода, а многу често ги промовираат и славните жени.
-->
Дури и за голем настан и црвен тепих, некои светски ѕвезди знаат да облечат стар, винтиџ фустан, да стават модерен накит, чевли и да воодушеват со изгледот.
Кои славни жени облекоа винтиџ фустани на црвениот тепих и ги оставија фановите со подзината уста?
Џенифер Лоренс на забавата на Vanity Fair во 2024 носеше винтиџ фустан кој во 1996 го облече Кејт Мос на модна писта.
На почетокот на 2024 година Зендеја позираше за насловната страница на The Contenders во фустан од Louis Vuitton од 2013.
Кендал Џенер избра креација од Jean Paul Gaultier за забавата на Vanity Fair. Истиот фустан во 2008, само во друга боја, го носеше актерката Мерион Котилард.
-->
-->
Челзи Лазкани, ѕвездата на реалното шоу Selling Sunset, на MTV Movie and TV Awards во 2022 година, се појави во истиот фустан што го носеше Викторија Бекам во 2005 година.
-->
Во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Мет гала во фустан што далечната 1962 година го носеше Мерилин Монро на роденденот на американскиот претседател Џон Кенеди.
Актерката Кери Вашингтон на American Black Film Festival Honors го облече црвениот фустан што во 1996 година го носеше Витни Хјустон.
Оскаровката Ема Стоун на црвениот тепих во 2024 се појави во истиот фустан од Givenchy што Клотилд Кору го носеше во 2003.
Во 2021 година Ајрис Лав избра фустан од Roberto Cavalli, истиот што манекенката Наталија Водјанова го облече во 2004 на премиерата на филмот Kill Bill.
За посетата на Бакингемската палата во 2018 година, Наоми Кемпбел избра винтиџ фустан од Pierre Cardin.
На забавата на Vanity Fair 2024, Лили Рејб носеше фустан од Marc Jacobs од 2006 година. Истиот фустан претходно го облече и актерката Џинифер Гудвин.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично
Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз?
Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован...
„Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии?
Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото)
Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето н...
На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но н...