Проѕирен фустан, перика: Модни изданија од црвениот тепих кои ѕвездите би сакале да ги заборават

Од Никол Кидман, преку Ријана до Зендеја - дури и славните кои се „кралици на црвениот тепих“ направиле модни грешки поради кои жалат...

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-01_copy.jpg

Црвениот тепих во светот на славните секогаш е место за тие да се дотераат и да се претстават во најубаво светло.

Некои фустани од црвениот тепих (без оглед дали е некоја премиера или доделување награди) се толку впечатливи и неверојатно добри, што добија епитет „легендарни“ и „безвремески“.

Но, некои фустани се паметат по тоа што биле ужасно лоши, а славните дами не кријат дека се каат што решиле да ги облечат.

Понекогаш, пак, проблем не е облеката, туку фризурата или шминката која го дополнува изгледот.

Погледнете кои се модните изданија од црвениот тепих поради кои ѕвездите зажалиле и признаваат дека би сакале да ги заборават:

Никол Кидман жали за фустанот што го облекла на Golden Globes во 2004 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-08.jpg

Кели Куоко вели дека не требала да стави перика на Screen Actors Guild Awards во 2013 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-09.jpg

Ник, Џо и Кевин Џонас се каат за изборот на облека на Nickelodeon Kids Choice Awards во 2009 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-10.jpg

Хајди Клум го обожава фустанот што го носела на Academy Awards во 2008 година, но ја мрази пунџата која, вели „ѝ е поголема од главата“

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-03.jpg

Бела Хадид не се чувствувала пријатно во фустанот на Cannes Film Festival во 2016 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-04.jpg

Дејвид Бекам жали што со Викторија избрале ист кожен аутфит во 1999 година (иако е креација на Versace)

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-05.jpg

Селена Гомез не може да си прости како изгледала на премиерата на Harry Potter and The Order of the Phoenix во 2007 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-13.jpg

Дајана Кругер го мрази фустанот што го носела на Golden Globes во 2005 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-02.jpg

Ешли Тисдејл се срами од аутфитот што го избрала за премиерата на филмот The Incredibles во 2004 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-06.jpg

Роберт Патинсон денес смета дека изгледал очајно на премиерата на Harry Potter And The Goblet Of Fire во 2005 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-11.jpg

Зендеја денес е кралица на црвениот тепих, но таа жали за изборот на чевли кои ги носела на премиерата на филмот Gnomeo and Juliet во 2011 година

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-07.jpg

Ријана носеше проѕирен фустан на CFDA Fashion Awards во 2014, под кој ѝ се гледаа голите гради - вели дека никогаш нема да ја повтори грешката

prodziren-fustan-perika-modni-izdanija-od-crveniot-tepih-koi-dzvezdite-bi-sakale-da-gi-zaboravat-12.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg