Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire
Браво! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го пробива патот на светот на модата.
Нашиот интернационален модел Горјана Кулишевска, која странските модни агенции ја нарекуваат Џоја, блесна во српското издание на модното списание Marie Claire.
Горјана беше главна во летниот моден едиторијал наречен Heatwave, кој се снимаше на повеќе локации во Белград, а фотките делуваат светски.
Нашиот модел веќе долги години има договор со српска модна агенција, преку која често патува во Милано и Париз.
Таа изминатиов период работеше на многу модни кампањи и соработуваше со врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и MOSCHINO.
„Нејзините совршени пропорции и егзотичната убавина со право ја одведоа до една од најдобрите светски агенции NEXT Management.
Горјана останува една од нашите ретки интернационални модели кои го заслужија своето место во светскиот моделинг“, вели Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ИН“, кој се грижи за нејзината кариера кај нас и кој, всушност, ја откри Горјана.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело