Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео)

Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интернационална кариера, оваа сезона работи во Париз и за кратко време го привлече вниманието на модните дизајнери.

ubavata-veleshanka-tatjana-21-dominirashe-na-revija-na-svetski-brend-vo-francija-video-01.jpg

Убавата велешанка, Татјана Јанушева - Тати (21), е еден од најпознатите македонски интернационални модели.

Откако работеше во Франција, Турција и Италија, таа повторно е во Франција, каде што беше една од ѕвездите на ревијата на познатиот спортски бренд Fila, која се одржа во областа Ет и Лоар.

Татјана оваа сезона престојува во Париз, каде што од самото пристигнување има модни ангажмани, но ревијата на познатиот бренд е најголемиот проект на кој работеше таму, досега.

ubavata-veleshanka-tatjana-21-dominirashe-na-revija-na-svetski-brend-vo-francija-video-05.jpg

Таа, заедно со уште неколку модели, ја промовираше колекцијата која е наменета за љубителите на голф.

Ревијата се одржа во Chateau de Maintenon, во областа Ет и Лоар, а имаше голем број познати гости и љубители на модата.

ubavata-veleshanka-tatjana-21-dominirashe-na-revija-na-svetski-brend-vo-francija-video-04.jpg

Тати веќе неколку години работи како интернационален модел и во овој период беше дел од многу кампањи за познати брендови, вклучувајќи ги Prada и Gucci.

„Многу сме горди на Татјана и на сè што постигнала досега, но нејзиното време допрва доаѓа“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН Менџмент“.

ubavata-veleshanka-tatjana-21-dominirashe-na-revija-na-svetski-brend-vo-francija-video-02.jpg

Претходно, во интервју за CRNOBELO.com, Татјана ни откри дека од мала работи како модел.

„Мое мислење е дека за да се биде добар модел најважна е самодовербата, упорноста и напорната работа, односно одржување на телото со помош на исхрана и многу физичка активност“, рече тогаш.

ubavata-veleshanka-tatjana-21-dominirashe-na-revija-na-svetski-brend-vo-francija-video-03.jpg

Погледнете го видеото од ревијата:

Прочитајте и Македонско девојче: Татјана е 19-годишен модел од Велес за кој слушна и светот (фото)

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg