Македонско девојче: Татјана е 19-годишен модел од Велес за кој слушна и светот (фото)
Младата велешанка работи како модел полека, но сигурно го гради својот пат до светска кариера. Уште еден доказ дека во Македонија живеат прекрасни девојки и жени...
Татјана Јанушева (19) од Велес има завршено средно медицинско образование и работи како интернационален модел.
Нејзината убавина полека, но сигурно ја води на пат кон светска кариера.
Татјана за CRNOBELO.com открива која е тајната да се успее во модниот свет:
„Со моделство се занимавам од мали години. Мое мислење е дека за да се биде добар модел најважна е самодовербата, упорноста и напорната работа, односно оддржување на своето тело со помош на исхрана и многу физичка активност.
Кога се оди на кастинзи како што кажав треба само да веруваш во себе.
Јас јадам сè, но внимавам да не претерам. Ги обожавам нашите традиционални јадења, исто така трчам бидејќи е потребна физичка активност.
Почнав и со градење кариера во странство и бев во Франција за почеток, а пред една година бев во Истанбул, а следна е Италија.
Сè уште не можам да кажам од работниот ангажман во која земја сум најзадоволна, но мислам дека сите се различни и професионални кога станува збор за мода.
Како мала имав многу идоли. Но сега од кога сум навлезена во оваа професија мислам дека немам идол. Сите се прекрасни.
Во иднина си посакувам портфолио исполнето со многу светски брендови.
Да си модел не значи само да имаш добар изглед и физичка убавина, туку многу повеќе од тоа. Успешен модел се станува по долги години работа и посветеност, што ќе се најде и во моето портфолио или бук референца за она што сум го сработила.
За да се задржиш долго на модната сцена треба да поседуваш, професионалност, индивидуален печат и да бидеш подготвена за откажување од многу работи.“
Запознајте ја оваа прекрасна велешанка:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело