Рајан Рејнолдс со хит реакција ѝ се восхитува на саканата Блејк Лајвли – 11 најубави парови на Мет Гала 2022 (фото)
- Детали
- вторник, 03 мај 2022
На Мет галата 2022, Рајан Рејнолдс стана хит со реакцијата кога ја виде неговата сопруга Блејк Лајвли во раскошниот фустан кој се трансформира, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се појавија во модно усогласени здолништа, а Илон Маск на црвениот тепих наместо со партнерка се појави со мајка му.
Познатите парови синоќа зачекорија на црвениот тепих на Мет Галата, што за првпат по две години се одржа во вообичаениот период во првиот понеделник од мај.
Поминаа само неколку месеци од последната Мет Гала, која минатата година се одржа во септември, но тоа не ги спречи славните да зачекорат на црвениот тепих во своето најдобро издание.
Темата на годинешната Мет Гала беше „Позлатен гламур“, а најголемо внимание привлекоа домаќините Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, чиј фустан од Versace во боја на бакар, изработена од тул и од кожа и декорирана со кристали, се трансформира во светло сино издание во мигот кога зачекори на скалите.
Реакцијата на нејзиниот сопруг на трансформацијата на фустанот стана вистински хит на социјалните мрежи:
Италијанската модна блогерка Кјара Ферањи на црвениот тепих зачекори со нејзиниот сопруг Федез кој неодамна имаше операција поради тумор на панкреас.
Голем број од познатите се појавија со своите партнери, а милијардерот Илон Маск годинава одлучи на црвениот тепих да зачекори со мајка му, супермоделот Маје Маск.