Кјара Ферањи со емотивни фотки од сопругот по операцијата поради тумор на панкреас: „Тешко беше, но дома сме“
- Детали
- четврток, 31 март 2022
Сцените како познатата Италијанка лежи до саканиот на болничкиот кревет и го прегрнува цврсто ќе ви го стопат срцето. Италијанскиот музичар Федез конечно е дома крај семејството... „Му благодарам на мојот прекрасен сопруг што се бореше толку силно и што беше храбар за нашето семејство“, напиша Кјара.
Сопругот на најпознатата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи (34), италијанскиот музичар Федез (32) имаше операција на абдомен и откри дека станува збор за невроендокрин тумор на панкреасот.
Објави фотографии од болница и кажа дека се чувствува добро. Крај него постојано беше саканата Кјара.
Сега, Кјара соопшти дека Федез конечно е дома и објави низа емотивни фотографии од болница во чиј опис напиша:
„Беше тешко, но дома сме. Им благодариме на сите доктори и цел медицински персонал што правеа да се чувствуваме безбедно и како да сме дома и што секогаш ни даваа надеж.
Му благодарам на мојот прекрасен сопруг што се бореше толку силно и што беше храбар за нашето семејство.
Ви благодариме на сите за сета љубов секој ден.“
С. С. | Црнобело