Сопругот на Кјара Ферањи: „Ми дијагностицираа невроендокрин тумор на панкрасот, имав операција од 6 часа“

„Минатата седмица дознав дека имам невроендокрин тумор на панкреасот. Еден од оние кои ако не ги извадите навреме не е добро да ви бидат сожители во телото. Поради оваа причина имав операција која траеше 6 часа за отстранување на дел од панкреасот (вклучувајќи го и туморот)...“, гласи дел од објавата на италијанскиот музичар Федез, кој објави и фотографија од лузната.

soprugot-na-italijankata-kjara-feranji-mi-dijagnosticiraa-nevroendokrin-tumor-imav-operacija-od-6-chasa-mi-otstranija-del-od-pankreasot-01.jpg

Сопругот на најпознатата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи (34), италијанскиот музичар Федез (32), имаше операција на абдомен, токму на првиот роденден на нивната ќерка Виториа.

Сега, тој откри дека станува збор за невроендокрин тумор на панкреасот.

Објави фотографии од болница и кажа дека се чувствува добро. Крај него е саканата Кјара.

soprugot-na-italijankata-kjara-feranji-mi-dijagnosticiraa-nevroendokrin-tumor-imav-operacija-od-6-chasa-mi-otstranija-del-od-pankreasot-04.jpg

Неговата објава гласи:

„Минатата седмица дознав дека имам невроендокрин тумор на панкреасот.

Еден од оние кои ако не ги извадите навреме не е добро да ви бидат сожители во телото.

Поради оваа причина имав операција која траеше 6 часа за отстранување на дел од панкреасот (вклучувајќи го и туморот).

soprugot-na-italijankata-kjara-feranji-mi-dijagnosticiraa-nevroendokrin-tumor-imav-operacija-od-6-chasa-mi-otstranija-del-od-pankreasot-05.jpg

Два дена по операцијата, јас сум добро и едвај чекам да бидам дома со децата. Ќе биде потребно време.

Им благодарам на докторите, хирурзите и сестрите кои без до мене во текот на овие интензивни денови. И огромно благодарам до сите за поддршката и позитивноста.

Ве сакам, Фредерико“

И италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи објави фотографија од болница со сопругот и напиша:

„Оваа фотографија е направена во понеделникот попладне во болница, ден пред деликатната операција на панкреасот.

Бевме исплашени за сè: за неговата дијагноза, операција, закрепнување, нашиот живот и иднината на нашето семејство.

Операцијата мина добро и тој сега закрепнува и се надеваме дека ова ќе биде само лош спомен и лекција, уште еднаш, за важноста на уживањето во животот максимално, секој ден.“

soprugot-na-italijankata-kjara-feranji-mi-dijagnosticiraa-nevroendokrin-tumor-imav-operacija-od-6-chasa-mi-otstranija-del-od-pankreasot-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав афера со сопругот на најдобрата пријателка без да знам – Како се случи тоа?“ Жена од Австралија тврди дека со месеци имала онлајн афера со сопругот на нејзин...
„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“ Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува ...
„Имав операција за намалување на градите, но пак ми пораснаа по 8 години“ – јога инструкторка со нео... „Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели. Бев неколку де...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg