Сакала живот како принцеза, но доживеала кошмар – Тажната приказна на келнерка која се омажи за шеик
- Детали
- недела, 20 октомври 2024
На 19 години мислела дека го нашла „принцот на бел коњ“ кога се омажила за принц од Дубаи. Но, по само една година брак, бајката се претворила во кошмар. Вистинската приказна за Наташа Алијева, Белорусинката која ја напушти родната земја за да биде жена на шеик.
Во 2007-ма година речиси сите светски медиуми ја пренесуваа приказната на Белорусинката Наташа Алијева, на која сосема случајно ѝ се насмевна среќата и стана сопруга на принцот од Дубаи, Саед Бин Мактум ал – Мактум, внук на владетелот на земјата.
Таа имала само 19 години и работела како помошник келнерка во хотел во Белорусија, во близина на Минск, кога сосема случајно го запознала својот иден сопруг.
Наводно, нејзе ѝ било наредено да му однесе сок од портокал на шеикот кој престојувал во хотелот и таа вечер нејзината судбина целосно се променила.
Шеикот во Белорусија престојувал заради натпревар во стрелаштво, а по само неколку дена поминати со Наташа, веднаш одлучил дека е лудо вљубен во неа, па донел одлука дека сака да ја земе со себе.
Иако Наташа не разбирала добро англиски, принцот Саид лесно ја освоил – почнал да ја носи со себе на тренинзи, на вечера, организирал романтични излегувања.
По само една недела од запознавањето тој го посетил домот на родителите на Наташа, и ја побарал нејзината рака. Нејзиното семејство било воодушевено од зетот кој дошол со 20 асистенти и личен готвач, а им се чинел како чесен, паметен, чувствителен човек со одлично образование.
Парот набрзо се венчал во Минск, а Наташа го напуштила факултетот и заминала со сопругот во Дубаи.
Така, во септември 2007-ма година, таа се преселила во Дубаи, каде добила сопствена палата, луксузен автомобил со личен возач, нова облека и накит, телохранители и почнала да го живее животот на висока нога.
Таа морала да ја промени религијата и да го промени името, па денес е позната како Шеика Аиша ал-Мактум.
Но, кога стигнала во Дубаи, таа дознала дека нејзиниот принц заборавил да ѝ каже еден важен детаљ – тој веќе бил оженет со неговата прва сопруга Сухема, со која имал 5 деца.