Сопругот на најпознатата италијанска инфлуенсерка на операција на 1-иот роденден на ќеркичката - најави со солзи во очите

„За жал, имам здравствен проблем за кој ме чека важен пат, кој мора да го изодам. Благодарение на моите две ѕвезди (двете деца) кои успеваат да креираат магија, без да се свесни за тоа, добивам сила за да се соочам со сето ова...“, кажа Федез пред денешната операција, токму на првиот роденден на неговата ќерка. Со Кјара Ферањи се родители на Виториа и Леоне.

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-01.jpg

Сопругот на најпознатата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи, италијанскиот музичар Федез, денес (23.03) имаше операција на абдомен, токму на првиот роденден на нивната ќерка Виториа.

Кјара денес објави прекрасни семејни фотографии со огромна роденденска торта на кои е и Федез, но откри дека тие се направени неколку дена пред роденденот, затоа што нејзиниот сакан во моментот е во болница и закрепнува.

View this post on Instagram

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

32-годишниот рапер со видео на социјалните мрежи пред една седмица објави дека има сериозен здравствен проблем, но дека подоцна ќе објасни за каква болест станува збор и кој третман му е потребен.

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-02.jpg

Тој најави дека го чека навистина важен ден, мислејќи на денешната операција.

Во неговото видео обраќање тој кажа:

„За жал, имам здравствен проблем за кој ме чека важен пат, кој мора да го изодам“.

Потоа ѝ се заблагодари на сопругата Кјара, како и на целото семејство, за безрезервната поддршка.

Тој им се обрати и на децата: „Благодарение на моите две ѕвезди кои успеваат да креираат магија, без да се свесни за тоа, добивам сила за да се соочам со сето ова.“

Кјара и Федез имаат две деца и се еден од најпознатите италијански парови. Синот Леоне има 4 години, а ќерката Виториа токму денес наполни една.

Постојано земаат учество во хуманитарни акции и во време на строгите карантини поради корона вирусот во Италија, на секој можен начин се обидуваа да ги охрабрат и развеселат своите сограѓани.

Се надеваме на брзо и успешно закрепнување на музичарот.

Роденденските фотографии, направени пред неколку дена, а објавени денес:

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-08.jpg

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-07.jpg

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-06.jpg

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-05.jpg

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-04.jpg

soprugot-na-najpoznatata-italijanska-blogerka-na-operacija-na-1-viot-rodenden-na-kjerkichkata-najavi-so-solzi-vo-ochite-03.jpg

На следната страна повеќе фотографии од прекрасното семејство...



Би можело да ве интересира:

Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg