„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за пари“

„Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети не водат никаде. Таа заслужува да најде некој што ќе ја носи на вечери, ќе ѝ плаќа ручеци“, вели позна британска инфлуенсерка.

ja-sovetuvam-kjerka-mi-da-se-omazhi-bogato-podobro-da-zhivee-na-visoka-noga-otkolku-da-strada-za-pari-01.jpg

Британската инфлуенсерка Карла Белучи (41) смета дека нејзината 19-годишна ќерка Таниша е веќе премногу стара да живее со неа.

Карла за роденденот ѝ дала 7.000 фунти на ќерка си, но условот бил таа да се исели од дома.

ja-sovetuvam-kjerka-mi-da-se-omazhi-bogato-podobro-da-zhivee-na-visoka-noga-otkolku-da-strada-za-pari-04.jpg

Таа во разговор за Daily Star вели дека освен што ја тера да си замине од дома, сака да ѝ даде и неколку совети за тоа каков маж би требалo да си најде, за да има удобен живот.

„Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети не водат никаде. Таа заслужува да најде некој што ќе ја носи на вечери, ќе и плаќа ручеци.

Не сакам да се гледа со кого било, дефинитивно не со бодибилдер кој нема манири или некој смешко што нема манири.

Ако сака да има убав живот, да патува во Дубаи на викенд, да носи скапи чанти, наместо да страда за пари, тогаш мора да научи некоја лекција од мене, да не речам да учи од најдобриот. Важен е стилот“, вели Карла.

ja-sovetuvam-kjerka-mi-da-se-omazhi-bogato-podobro-da-zhivee-na-visoka-noga-otkolku-da-strada-za-pari-05.jpg

Таа тврди дека мажите кои им пристапуваат на жените онлајн најчесто имаат проблем со комуникацијата во живо.

„Скриени зад мобилниот, тие кажуваат сè, измислуваат лаги и тоа може да е многу опасно.

Сметам дека сите треба да ги фрлат телефоните, да почнат да излегуваат како порано и да запознаваат луѓе во живо“, додава Карла.

ja-sovetuvam-kjerka-mi-da-se-omazhi-bogato-podobro-da-zhivee-na-visoka-noga-otkolku-da-strada-za-pari-06.jpg

Таа признава дека правела грешки во младоста, меѓу кои е и бракот што го склучила кога имала 19 години, па затоа смета дека нејзините совети сега се и тоа како полезни за нејзината ќерка.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg